Почетна » Новости » Занимливости » Методот за долготрајно отстранување на влакната кој го освојува светот

Методот за долготрајно отстранување на влакната кој го освојува светот

Дознајте надолго и нашироко што е IPL технологијата, ефикасноста и безбедноста на Philips Lumea

Пролетта е во полн ек и полека почнуваме да се ослободуваме од слоевитата облека која до пред само неколку денови ја криеше нашата кожа. Дојде време да уживаме во полесната облека, но и мазната кожа во нејзиното најдобро издание. Па така, почнуваат зачестените третмани за отстранување на несаканите влакна, а со тоа и стресовите и главоболките од типот “Немам што да облечам ”, “нема шанси да патуваме викендов, не сум издепилирана” и слично.

Токму затоа, Philips разви уред кој со кој современата жена ќе ужива во слободата, без грижите од несаканите влакна. Bо соработка со врвни дерматолози од целиот свет, сеопфатно ги истражуваше професионалните третмани во кои се користи технологијата на интензивна пулсирачка светлина кои беа достапни само во салоните за убавина и ја приспособи оваа технологија да може да се користи сосема безбедно во домашни услови.

Најнапред, да започнеме со ред. Што всушност претставува IPL технологијата? IPL (Intensive Pulsed Light) или Интензивна пулсирачка светлина, во суштина претставува метод или пак терапија базирана на светлина, која се користи за широка палета на процедури во рамките на дерматологијата, меѓу кои и долготрајно отстранување на несаканите влакна од различните зони од телото.

Philips Lumea

IPL технологијата овозможува уредот да емитира светлина на специфични временски интервали која се апсорбира од пигментот кој се наоѓа во фоликулите на влакната (пигментот всушност ја одредува бојата на влакното). Уредот, во дел од секундата емитира пулс чиешто времетраење е сосема доволно да биде апсорбирано од фоликулите на влакната и да ги “успие” . Во суштина, пигментот на фоликулите, ја апсорбира светлината од пулсот, енергијата се претвора во топлина која влијае врз активноста на фоликулите и го одложува повторното растење на влакната.

Технологијата на интензивна пулсурачка светлина е достапна во специјализираните салони уште од 1997-та година, a сега благодарение на Philips Lumea е приспособена за да може да се користи безбедно и ефикасно во домашни услови.

Следствено на тоа, Philips Lumea Prestige е мултисезонско и идеално решение кои ни ја нуди слободата на долготрајно мазна кожа и до 92% помалку влакна по само три третмани. По првичните 4-5 третмани, веќе е евидентна разликата и намалениот раст на влакната. За обезбедување на долготрајни ефекти, односно за да се одржи фоликулот на влакното во фаза на мирување, потребно е третманите да се повторуваат на период од 4-8 недели.

Philips Lumea

Кон ефикасноста, ја додаваме и корисноста и пристапноста, односно Philips Lumea Prestige доаѓа со специјални додатоци дизајнирани за секоја облина на човечкото тело, што гарантираат максимална ефикасност и резултати. Секој од додатоците е заоблен на уникатен начин за да ги следи облините на телото со што се обезбедува максимална ефикасност при секој допир со кожата, осигурувајќи дека секој светлосен импулс допрел до фоликулите на влакната. Дополнително, овие додатоци се и смарт додатоци, бидејќи содржат уникатен чип со помош на кој уредот го препознава соодветниот додаток и соодветно ја прилагодува поставката за оптимални резултати на секоја зона од телото.

Philips Lumea

Третманот со Philips Lumea е целосно безбеден и безболен, што значи дека можете слободно и без грижи да ги третирате сите делови од телото, дури и најделикатните, како на пример бикини-зоната и зоната под пазувите.

Во однос на болката, при опсежните клинички истражувања на Lumea во кои беа вклучени повеќе од 2000 жени, ниту една од нив не го оцениле третманот како болен (користејќи го уредот согласно соодветното нагодување во зависност од бојата на кожата и влакната). При испитувањата, некои од жените укажале на тоа дека почувствувале „топлина“, „боцкање“ или „чешање“, што во најголем дел од случаите исчезнувало во рок од неколку минути до еден час по третманот.

Едно од најчесто поставуваните прашања поврзано со користењето на Philips Lumea и IPL технологијата е прашањето за безбедноста, па да ги разбиеме митовите - согласно овие истражувања и фибекот од над 3 милиони жени во светот, досега не се регистрирани никакви сериозни несакани ефекти или оштетувања на кожата што би се појавиле од долгорочна употреба.

Освен за кожата, безбедноста е загарантирана и за очите, бидејќи благодарение на заштитниот систем на Lumea, светлосните пулсирања се ослободуваат само доколку додатокот е целосно во контакт со кожата. Благодарејќи на интегрираниот УВ-филтер, светлината влијае само врз влакната, а не врз кожата. Доколку имате многу темна кожа, тогаш сензорот за боја на кожата спречува ослободување блесок.

Philips Lumea

За крај, неколку совети за користење и ваша безбедност

  • Убаво прочитајте го упатството за употреба. Во него се содржани сите информации за беспрекорно корисничко искуство од користењето на Philips Lumea
  • Практикувајте почетните третмани да ги правите со SmartSkin сензорот кој ќе ги ви помогне во одредување на вистинскиот интензитет за третман на соодветната зона
  • Правете ги третманите навечер пред легнување, за доколку дојде до мала иритација, кожата да може да смири во текот на ноќта
  • Не започнувајте со третман веднаш по престој во сауна или по бањање, бидејќи коренот на влакното поефикасно ја апсорбира пулсирачката светлина кога кожата е ладна
  • Доколку можете, започнете со третмани во зима или во пролет - на тој начин ќе можете да уживате во мазна кожа во лето!
  • Со затегнувањето на кожата ќе овозможите правилен контакт и полесно навлегување на пулсирачката светлина - за оптимални резултати под пазувите, подигнете ја раката и ставете ја зад вратот за да може кожата убаво да се затегне.
  • За да се привикне Вашата кожа на Philips Lumea, предлагаме да направите тест со примена на неколку блесоци на дел од кожата блиску до онаа зона што сакате да ја третирате, користејќи го најслабото нагодување на светлината
  • Осигурајте се дека влакната во зоните кои ги третирате се мазни и немате заборавени влакненца пред третманот
  • Користете исклучиво бело моливче (за очи) за бележење на областа во која ги третирате влакната. Темните бои ја апсорбираат светлината, додека светлите ја одбиваат.
  • Следете ги инструкциите за чистење и одржување кои се наведени во упатството за употреба. Чистете ги додатоците и прозорецот за излез на светлина пред и по секој третман со крпчето кое доаѓа заедно со уредот
  • Philips Lumea Philips Lumea може да ја користите и во лето, но, пред да ги изложите третираните зони на сонце, причекајте најмалку 48 часа или сè додека не исчезне црвенилото на кожата. Во периодот од 48 часа по третманот, покријте ги зоните што сте ги третирале за да ги заштитите од сончевите зраци или, пак, нанесете заштитна крема (со заштитен СПФ-фактор 50).
  • Избегнувајте третман на деловите од телото каде што имате отворени рани, воспалени и инфицирани места, тетоважи, изгореници итн
  • Не го користите уредот ако страдате од егзема или имате инфекција, изгореница, херпес или рана на кожата која сакате да ја третирате.
  • Доколку имате големи бенки, едноставно заобиколете ги и третирајте ја кожата околу бенките. Доколку пак имате многу ситни бенки, едноставно заштитете ги со помош на бело моливче

Доколку сè уште постојат отворени прашања или ви се потребни дополнителни информации, истите можете да ги најдете овде lumea.philips.com.mk

Повеќе за искуствата на девојките кои користат Philips Lumea, активна е и тема на Фемина форумот овде >>>

И за крај, ако цената е одлучувачки фактор – од денеска Philips Lumea e уште подостапна – Искористете ја можноста да ја купите Philips Lumea по промотивни услови и тоа 20% попуст или на 36 рати без камата!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9480 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.