Меланија Трамп беше поканета во американскиот Стејт Департмент во Вашингтон по повод доделувањето на наградите „International Women of Courage“.
Настанот беше посветен на 10 инспиративни припаднички на понежниот пол кои покажале храброст, лидерство и подготвеност да се жртвуваат за другите, особено во борбата за правата на жените.
На церемонијата, првата дама на САД се појави во пролетно издание. Нејзиниот елегантен стајлинг вклучуваше розов костум од Емилио Пучи, жолта блуза и обувки од Кристијан Лобутин.












Деновиве во светските медиуми ечат изјавите на две жени кои јавно раскажаа за нивните афери со Доналд Трамп. Карен МекДугал, која имала афера со Доналд, во интервју за CNN ѝ се извини на Меланија. Порно актерката Сторми Даниелс во емисијата „60 minutes“ раскажа дека имала афера со Доналд во 2006 година и дека во 2011 година добила закана да не ја објавува тајната врска со него.


Меланија, Доналд и нивниот син Барон беа фотографирани додека слегуваа од авион во Флорида. Семејството го помина викендот во ресортот Мар-а-Лаго.

