Меланија Трамп ширеше празнично расположение меѓу дечиња на воени лица и ја поттикнуваше нивната дарежливост.
На настанот „Toys For Tots“, Првата дама на САД им помагаше на малите деца да сортираат играчки и да креираат божиќни честитки. Создадените пакетчиња ќе им бидат разделени на сиромашни деца за претстојните празници.


„Како мајка, чувствувам дека децата се најскапоцен дар. Како Прва дама, мисија ми е да го свртам вниманието кон програми кои создаваат повеќе можности за децата да успеваат“ - изјави Меланија.
Карираната јакна на Меланија е од брендот Томас Мејер додека чизмите се од Џанвито Роси.



48-годишната сопруга на Доналд Трамп му ја исполни желбата на мало девојче кое со нетрпение ја очекувало средбата со неа. Меланија и слатката Џеки беа фотографирани додека заедно цртаа.
Родителите на 7-годишната Џеки објаснија дека таа едвај го чекала денот кога ќе ја сретне Меланија. „Таа со нетрпение го чекаше овој ден. Нон-стоп зборуваше дека ќе ја сретне г-ѓа Трамп. Ова за неа е исполнување на божиќна желба“ - изјавил таткото на Џеки.







По завршувањето на настанот, слаткото девојче со солзи ја дочека разделбата, а не го испушташе од раце цртежот кој Меланија му го подари.















