Меланија Трамп беше домаќинка на средба посветена на малтретирањето онлајн. Во дискусијата која се одржа во Белата куќа беа поканети претставници на компании како Amazon, Twitter, Microsoft, Facebook, Google и Snapchat кои споделија ефикасни стратегии за справување со овој проблем.
Првата дама на САД се појави во деловно издание, кое вклучуваше костум со здолниште и црвени обувки со потпис на Кристијан Лобутин.
По преземањето на улогата на прва дама, Меланија објави дека се фокусира на подобрување на ситуацијата со малтретирањето преку интернет, со што наиде на многу критики, основно поради однесувањето на Доналд онлајн.




„Свесна сум дека многу луѓе се скептични што ја дискутирам оваа тема. Сум била критикувана... и знам дека тоа ќе продолжи, но нема да ме запре да го правам она што знам дека е правилно“ – изјави таа.






