Почетна » Новости » Занимливости » Мезотерапија со Dermaheal HL, за поттикнување раст на нова коса

Мезотерапија со Dermaheal HL, за поттикнување раст на нова коса

Косата не е само еден од аспектите на нашата личност, туку и показател за тоа колку се грижиме за нашето здравје. Стресот, видот и квалитетот на храната која ја внесувате се одразува на квалитетот на косата. Ако не водите грижа за себе, имате нездрава и небалансирана исхрана Вашата коса ќе го изгуби сјајот, еластичноста и ќе стане кршлива. Сето тоа доведува до нејзино опаѓање и проретчување.

Како да ја вратиме загубената коса?

При опаѓање на косата прво што треба да направите е да се посоветувате со Вашиот дерматолог кој ќе Ве упати каква козметика за нега на коса да користите, ласерски третмани или третман мезотерапија со Dermaheal HL која го спречува губењето на косата и поттикнува раст на нова коса. Мезотерапија со Dermaheal HL иницира ревитализација на фоликули, ја стимулира циркулацијата, ја подобрува состојбата на скалпот, ја зголемува густината и дебелината на влакното од коренот до врвот. Исто така ги стимулира и зајакнува фоликулите на влакната, го хидрира и го потхранува скалпот.

Жена со долга коса

Што содржи во себе Dermaheal HL?

Dermaheal HL за успешна ревитализација на косата во себе содржи 56 активни состојки и тоа:

  • 4 биомиметични пептиди, кои ја заздравуваат косата, стимулираат раст на влакната фоликули, ревитализација на фоликули, регенерација на клетките на фоликулите, стимулира размножување на клетките на фоликули, помага во заздравувањето на косата да формира здраво влакно. Ја подобрува циркулацијата на крвта во скалпот.
  • 13 витамини,кој го продолжуваат циклусот на раст на косата, ја хранат косата со што се помага производството на крвни садови. Ја заздравува косата и скалпот, оштетени од стресот и влијанието на надворешната средина. Ги витализира клетките на косата.
  • 24 аминокиселини: помагаат во производството на клетките на фоликулите.
  • 5 минерали: одржуваат рамнотежата на скалпот. Го олеснуваат потхранувањето на косата.
  • 4 коензими: го регенерираат здравјето на косата и скалпот. Го оживуваат коренот на влакното.
  • 4 нуклеински киселини: го регенерираат здравјето на косата и скалпот, и го намалуваат влијанието на стресот од животната средина.
  •  2 редуктори: кои помагаат во создавањето на природен колаген, го чистат скалпот.
Dermaheal HL

Dermaheal HL се аплицира 1 до 2 мм во средниот слој на кожата познат како мезодерм. Интензитетот на терапискиот протокол ќе го одреди Вашиот дерматолог и тој треба да биде прилагоден на карактеристиките и состојбата на косата и скалпот. Првите резултати ќе се видат по 10-от третман, а крајниот ефект ќе се види по третиот месец. Третманот трае 15 до 20 минути. Со овој третман се постигнува одличен и брз резултат. Може да се комбинира со ласерски третмани, а може да се користи и по пресадување на коса.

д-р Анета Кокалеска Петрушевска
спец. дерматолог

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.