Почетна » Новости » Занимливости » Медицински работници кои се запознале во пандемијата се верија на покривот од болницата во која се вљубија

Медицински работници кои се запознале во пандемијата се верија на покривот од болницата во која се вљубија

Маж ја запроси девојката на покривот од болницата во која се запознаа и се вљубија еден во друг за време на пандемијата.

Медицинскиот брат Џејкоб Јанг ја изненади својата сакана Келси, која е медицинска сестра, со неверојатен предлог за брак. Тој организираше лажно пренесување на „пациент“ со хеликоптер до покривот на болницата во Џорџија, а потоа клекна на колено и ја праша дали ќе му биде жена. Менаџерот на болницата ги направи фотографиите велејќи ѝ дека ќе ја фотографира за Неделата на медицинските сестри.

Пресреќната девојка без размислување рекла „Да“, а подоцна сподели видео и фотографии од случката, па накратко го раскажа романтичниот предлог.

Џејкоб и Келси Јанг Џејкоб и Келси Јанг

Мислев дека е само уште еден работен ден во кој преземаме пациент од хеликоптер. Но, НАМЕСТО ТОА... Љубовта на мојот живот долета со хеликоптер, клекна на колено и ме направи најсреќната девојка на планетата.

Сè уште се восхитувам колку далеку отиде мојот вереник за да ме изненади (бев 100% во шок). Мојот менаџер демек правеше фотографии за „неделата на медицинските сестри“, лажен пациент во хеликоптерот, ме тргнаа од распоредот за веднаш потоа да можам да заминам, некако ја убеди болницата да го одобри летот, моите роднини и пријатели ме гледаа низ стакло одгоре и да не го споменувам мојот ПРСТЕН ОД СОНИШТАТА!!!

Со нетрпение чекам да станам госпоѓа Јанг и да бидам засекогаш со мојот најдобар пријател. Те сакам, Џејкоб Едвард Јанг.

Џејкоб и Келси Јанг Џејкоб и Келси Јанг

„Не регистрирав што се случува додека тој не клекна на колено и тогаш ми светна: ‘Леле, тој ќе ме праша дали ќе се омажам за него’. Бев во тотален шок“ – рекла Келси во интервју.

Џејкоб и Келси Јанг

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11958 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.