Почетна » Новости » Занимливости » Медицинска сестра спаси три предвреме родени бебиња во експлозијата во Бејрут

Медицинска сестра спаси три предвреме родени бебиња во експлозијата во Бејрут

Експлозијата во Бејрут однесе 158 животи, а над 6.000 лица се повредени. Медицинска сестра успеа да спаси три предвреме родени бебенца во големата катастрофа која го потресе главниот град на Либан.

Имено, Памала Зајноун е нарекувана хероината од Бејрут, откако во целиот хаос, ги изваде малите бебенца од нивните инкубатори и ги постави во своја прегратка.

„Почувствував дека овие бебиња сега ми припаѓаат мене, тие се под моја заштита сега. Ако тие преживеат, ќе преживеат со мене“ – вели Памала.

Овој момент беше уловен од страна на фоторепортер, кој пристигнал во болницата неколку минути по експлозијата.

На фотографијата, Памала ги држи трите бебенца во прегратка, додека се обидува да воспостави телефонска врска и да повика помош.

Медицинска сестра и бебиња

„Во 16 години медиумско фотографирање и многу војни, оваа 'хероина' ми го привлече вниманието во болницата. Брзаше да воспостави контакт и покрај прекинот на комуникацијата, држејќи три новородени бебиња, додека беше опкружена со десетици тела и повредени лица.“

„Ја забележав нејзината смиреност, што беше комплетна спротивност на околината само еден метар потаму. Сепак, медицинската сестра изгледаше како да поседува скриена сила која ѝ даваше самоконтрола и способност да ги спаси тие деца“ – изјавил фотографот.

ВИДЕО

Бејрут експлозија Бејрут експлозија Бејрут експлозија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8876 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.