Меган Маркл и принцот Хари посетија гробишта во Лос Анџелес, за да им оддадат почит на паднатите војници во Првата светска војна.
39-годишната поранешна актерка и 36-годишниот британски принц положија цвеќе набрано од нивната домашна градина на два гроба.
Хари на својот костум ги носеше прикачени медалите кои ги има добиено за време на 10-те години воена служба. Меган за оваа пригода избра црно палто со колан на половината.






