Меган Маркл блескаше со позитивност на прием пред доделувањето на наградите на „WellChild“ покрај принцот Хари. Станува збор за настан кој ги слави инспиративните квалитети на сериозно болните деца и млади лица во Велика Британија.


Војвотката пленеше со елеганција во црн костум од брендот Altuzarra.





Кралскиот пар имаше можност да се сретне со малите добитници на наградите и луѓето кои се грижат за нив. Меѓу децата со кои се подружија тие беше 7-годишната Матилда која страда од спина бифида.
„Никогаш немој да ја криеш таа брилијантна насмевка“ – ѝ рече Хари на Матилда, која му вети дека ќе го послуша.






















