Запознајте ја Сара – Instagram ѕвезда од Стокхолм која ги забавува своите следбеници со интересни труднички фотографии.
Убавата Швеѓанка ги овековечува последните месеци од втората бременост со фотографии со сопругот и ќеркичката, а ги зачинува со хумористични и искрени пораки напишани на табла.
Не знаеш колку многу луѓе мразиш сè додека не дојде време да избереш име за твоето дете
Да спиеш со мало дете е исто како да делиш кревет со пијан октопод кој си ги бара клучевите од автомобилот.
34. недела: Официјално престанав да носам панталони. Секако не можам да видам ништо таму долу
33. недела: Се сеќавам дека можев да спијам преку целата ноќ без да треба да мокрам... Тоа беа добри времиња.
33 недела: Влегуваш во таа фаза кога твојата трудничка перница добива повеќе акција отколку твојот сопруг.
30. недела: Не ги допирај крофните. Сите се наши. Два наспроти еден.
30. недела: Кога би можел овој топлотен бран да си замине, за да можам да си ја вратам мојата сопруга назад. Тоа би било одлично.
29. недела: Трет триместар, кога тимската работа е сè.
28. недела: Кивање во бременоста – Кога е поважно да си ги скрстиш нозете, отколку да си ја покриеш устата.
28. недела... Тој: „Дали е тоа мојата кошула“. Јас: „Не повеќе“.
27. недела: Како да победиш во расправија? 1. Биди бремена; 2. Работата е завршена.
Сара и нејзиниот сопруг имаат мала ќеркичка која се вика Селина, а сега очекуваат момче.
