Почетна » Новости » Занимливости » Мајка со кратка приказна за средба со непознат маж акцентира важна лекција

Мајка со кратка приказна за средба со непознат маж акцентира важна лекција

Мајка раскажа како случајна средба во супермаркет ѝ ги промени приоритетите и ја инспирира да поминува поквалитетно време со семејството.

Мајка

Дали некогаш сте имале разговор со тотално непозната личност, а подоцна сте сфатиле дека таа мора да е пратена од Бог?

Тоа ми се случи мене пред некој ден. Ја туркав низ супермаркет количката преполна со деца и храна кога повозрасен џентлмен ни пријде. Ги виде децата и не можеше да одолее да не дојде да поразговара со нас. Повторуваше колку многу се слатки и им постави неколку прашања. За среќа, моите деца беа послушни и одговорија на неговите прашања. Откако поразговаравме накратко, си продолжи понатаму.

Кратко време подоцна, се врати.

Ме погледна директно и рече: „Сакам да ти кажам нешто“. Тогаш започна сторија за времето кога неговиот син имал 5 години и му побарал да направат куќичка за птици. Тој му рекол НЕ затоа што бил многу зафатен со „важни“ обврски од работа.

Го гледал разочараниот 5-годишен син како свенува од тага без плачење или приговарање и веднаш се почувствувал ужасно што му го скршил срцето. Го викнал син му и заедно отишле во продавница, ги купиле материјалите и изградиле куќарка за птици.

Да ја скратам приказната, тој ми рече дека 40 години подоцна, не може да се сети на работните обврски кои тогаш ги исполнувал или зошто биле тие толку важни.

Потоа ме погледна в очи и рече: „Но, сè уште ја имаме таа куќичка за птици“. Очите одма ми се наполнија со солзи. Иако сум со моите деца најголем дел од времето секој ден, не им се посветувам целосно секогаш. По автоматизам се вклучувам во активности со нив. Им се лутам. Домашните обврски и телефонот ми го одвлекуваат вниманието.

Овој маж веројатно никогаш нема да дознае колку ме замисли, ми помогна да си ги променам приоритетите и ме инспирира да успорам и да му обрнувам повеќе внимание на семејството.

Бог ги поставува луѓето на нашиот пат за да ни покаже како да продолжиме. Следниот пат кога непозната личност ќе ти пријде и ќе ти каже нешто, биди отворен да ја примиш пораката. Може да ти го промени животот!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9517 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.