Почетна » Новости » Занимливости » Мајка сними една своја вечер за да покаже колку малку спијат мајките на мали деца

Мајка сними една своја вечер за да покаже колку малку спијат мајките на мали деца

Жена одлучи да документира како изгледа една нејзина ноќ за да покаже колку малку време за сон им останува на мајките на мали деца.

Мелани Дарнел објави снимка на социјалните мрежи, на која се гледа дека цела вечер станува за да се погрижи за потребите на своите деца. И покрај својата истоштеност, во описот таа пишува дека знае дека ова е период кој нема да трае долго, но кој е исклучително важен за децата.

Мелани е мајка на 3 деца.

Родителството не завршува кога ќе зајде сонцето. Навечер сакам да бидам истиот родител што сум во текот на денот. Како мајка, навечер имате две цели: 1) да си овозможите себеси доволно одмор и 2) да ги задоволите нутритивните и емоционалните потреби на вашето дете. Тешко е да се воспостави тој баланс кога сфаќате дека последните слатки часови од мирната тишина речиси завршуваат. Особено ужасни се будењата во 4 часот наутро. И покрај сè, стануваме од креветот и со заматен поглед ги земаме блиску нашите бебиња.

Во тие тивки, темни часови, отсуството на звуци може да делува прилично смирувачки и освежувачки. Потребите на бебињата се едноставни: да бидат држени и нахранети. Мајките се експерти за двете, а способноста што можеме да ги задоволиме потребите на нашите неверојатни бебиња длабоко нè задоволува.

Ајде во тие моменти да помислиме на сите останати родители што се будни со своите бебиња во истиот момент на сред вечер и да се утешиме себеси со помислата дека секој од нас го гушка своето бебе во темнината на домот, дека заедно го споделуваме тоа искуство. Наместо да се чувствуваме изолирано и истоштено, можеме да се чувствуваме поврзано со другите уморни мајки кои се будни исто така.

До сите уморни мајки таму некаде, вдишете и издишете. Овие денови се напнати, но кратки. Нема да помине долго време пред вие и вашите бебиња да спиете поцврсто. Но засега, гушкајте ги вашите бебиња, дојте ги и сакајте ги независно од времето на часовникот. Бебето кое ноќва го нишате еден ден ќе има можност да зјапа во ѕвездите додека го држи своето слатко бебе. Таа ќе мисли на вас и ќе ве цени.

По објавувањето на постот, Мелани наиде на различни реакции. Додека едни ја тешат дека ја разбираат и дека сè ќе биде во ред, други ја осудуваат затоа што ги земала децата во својот кревет, трети ја „советуваат“ да ги научи децата сами да смируваат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.