Почетна » Новости » Занимливости » Мајка преку приказна за плишеното мече на синот доловува колку брзо растат децата

Мајка преку приказна за плишеното мече на синот доловува колку брзо растат децата

Мајка на три деца преку емотивен текст за плишеното мече на нејзиниот син покажува дека децата растат побрзо одошто мајките се подготвени да го прифатат тоа.

Во својата колумна, Кејти Смит раскажува како се однесувал нејзиниот син од раѓањето до неговата 13-та година и како полека, полека ја надминувал потребата од неговото плишено мече.

Прочитајте:

Плишено мече

На мојот пораснат син повеќе не му треба неговото плишено мече, но мене ми треба

Ова ни е прв ден по излегувањето од болница, тој плаче во моите раце. Моите солзи се мешаат со неговите додека се обидувам да го надојам. Будни сме цела вечер. Го сакам со сила која никогаш порано ја немав почувствувано. Иако знам дека не можам да живеам без него, надвладеана сум од носталгија по мојот живот пред него. Неговото ново плишено мече седи над фиокарот во неговата сина соба и изгледа малку осамено. Влегувам во собата, го земам и започнувам да му ги масирам ушите додека конечно влегувам во ритам со доењето.

Тој има 1 година и ги прави првите чекори. Гледа во мене секојпат кога се движи од масичката до каучот и назад. Се обидувам да не реагирам премногу возбудено за да не му до одвлечам вниманието. Тој е многу горд. Јас сум многу горда и тогаш ми светнува: новото бебе кое го носам во стомакот нема да ја има истата прва година која можев да му ја подарам нему. Посегнувам по него, држејќи го неговото сакано плишено мече што го носи секаде. Тој доаѓа кај мене, а јас го подигнувам кажувајќи му колку сум горда што тој сега знае да оди.

Тој има 2 години и трча кон мене со своето плишено мече, „Мама, мама“ толку е нетрпелив да ми каже како го нахранил со суво грозје. Сака да го знам секој детаљ. Се обидувам да го ислушам додека ја дојам сестра му. Можам да му се посветам само половично, но изгледа дека тој не забележува. Седи на моите стапала со скрстени нозе, гледа во плишеното мече, хранејќи го.

Тој има речиси 5 години и блика од радост додека излегува од градинка на неговиот прв ден таму. „Многу ми беше забавно мамо, воопшто не помислував на тебе“. Ми олесна, затоа што тој имаше многу трема за овој голем ден. Но, сè уште ме боцка тоа што знам дека неговиот живот ќе започне да расте подалеку од мене и нашите четири ѕида и не знам дали сум подготвена за тоа. Таа ноќ го покрив додека тој го прераскажуваше неговиот ден уште еднаш, стискајќи го мечето.

Тој има 6 години. Стојам пред неговата училница и го слушам како им го покажува својот нов експеримент на своите соученици. Гласен е и по малку будалест, сите гледаат во него, но тој е самоуверен и свој. Нема ништо подобро од тоа да го гледам како напредува кога тој не знае дека го гледам. Повеќе не го носи мечето со себе, но секоја вечер спие со него.

Тој има 9 години. Го пречекувам на врата по кошаркарски тренинг и за првпат намирисувам непријатна миризба додека го бакнувам на главата. Време е да му купам дезодоранс, а очите инстантно ми се насолзуваат. Знаев дека ќе дојде овој ден, но со сигурност не го очекував толку рано. Со насмевка ми вели: „Мамо, мирисни ме!“ Тој е горд, а јас благодарна што успеа да ми измами насмевка наместо плачот кој ми гргори во грлото. Таа ноќ по туширањето го научив да си става дезодоранс. „Можеби и Медо сака малку?“ Тој ми ги преврти очите. Очигледно е премногу пораснат за такви глупости.

Тој има 11 години. Собата му станува похаотична од ден на ден. Во последно време многу порасна. Најчесто претпочита да биде со пријателите наместо со семејството. Влегувам во неговата соба. Ми мириса како кога беше бебе и покрај растењето, менувањето и избувливите хормони. Мечето е под неговиот кревет. Го подигнувам и му го ставам на креветот помислувајќи дека само паднало во текот на ноќта, а тој ќе се прашува каде е. Следното утро влегувам да му ја оставам испраната облека, го гледам мечето затворено во плакарот.

Има 13 години. Се разбуди порано за на училиште. Сè уште е темно надвор. Ги отворам очите за го ѕирнам додека се движи кон бањата, но не ми се чини дека го гледам син ми. Гледам маж со широки рамена и стапала број 42. Шепотам „Добро утро, малечок“. За возврат добивам мрморење.

На излегување е. Знам дека блузата нема да го топли на овие ниски температури, но му дозволувам да ризикува без да му кажам ниту еден збор за тоа. Ако сака да му студи, тоа е негова работа сега. Влегувам во неговата соба и го наоѓам неговото мече и го задржувам за себе. Но, нема да му кажам нему. Тоа ништо нема да му значи додека самиот не стане татко на деца кои стануваат мажи и жени, кои мрморат наместо да зборуваат, кои не носат јакни во студените денови и на кои повеќе не им треба мече.

Да, можеби тогаш ќе му кажам. Ќе му кажам за тоа дека беше подготвен да се откаже од неговото мече многу порано отколку што бев јас.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9499 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.