Почетна » Новости » Занимливости » Мајка преку прекрасен текст за бившиот ја истакнува важноста на добрите односи меѓу разделените родители

Мајка преку прекрасен текст за бившиот ја истакнува важноста на добрите односи меѓу разделените родители

Разделбите никогаш не се лесни, a стануваат особено тешки кога има дете во сликата. Најчесто, најмалите се најзасегнати од уништените врски или бракови на родителите, па токму поради тоа пораката на Џесика Синглтон стана вирален хит на интернет.

Во неа, таа објаснува дека иако не е повеќе заедно со нејзиниот бивши партнер, тие вложуваат заеднички напори за заедно да го израснат нивниот син. Џесика и Џон морале да надминат многу препреки за да имаат мирна врска.

Џесика ги повика сите родители кои се разведени или разделени да престанат да бараат изговори и да се обединат за доброто на нивните деца. Нејзината објава на Facebook привлече илјадници комплименти и досега има речиси 140 илјади споделувања.

Џон

Ова е мојот бивши. Ова што го гледате е поскапоцено од злато. Овој човек не ми плаќа ни цент преку државата, бидејќи кога на мојот син му се потребни нови алишта, треба само да му се јавам. Ова е човек кој купува пакет од детски филмови на сервис за видео стриминг за и јас да можам да уживам во нив со синот во мојот дом. Човек кој ми купува кутија со пелени од 45 долари и ми ја носи до влезната врата за јас да не мора да излегувам со синот за да одам до продавница. Човек кој 10 минути по мојот повик го зема синот многу почесто одошто треба, бидејќи јас имам работа или ми е потребен одмор. Ова е човек кој ме сослушува кога сум растревожена. Човек кој му вели на синот да не го заборава момчето на мајка си кога напамет ги набројува неговите омилени личности... Човек кој доаѓа со неверојатна брзина само затоа што сме се заклучиле надвор од куќата и човек кој би потрошил цела вечер за да поправи нешто за нас. Ова е човек кој на подароците што ги купил за синот пишува „од мама“, зашто мама не може да му купи толку многу. Човек кој сè уште ги чува децата на мојата сестра само за нашиот син да може да биде со неговите братучеди.

Тој е носач на чанта со пелени, приготвувач на чоколадно млеко и несебичен, великодушен, заштитнички настроен и успешен ТАТКО на мојот син.

Бројот на пречки кои мораше да ги надминеме за да стигнеме до оваа точка е огромен. Ова не беше лесно, ова беше избор. Престанете да барате изговори и обединете се за вашите деца. Јас сум најтврдоглавата личност што ја познавам, а опростувањето беше лесно кога се работи за доброто на нашиот син. И поради тоа, јас сум со мојот син буквално секој ден. За нас, присуството на другиот е секогаш добредојдено.

Во случај да не сум ти го кажала ова во последно време, многу сум благодарна што те имам. Најмногу затоа што си мотивирана индивидуа и феноменален пример на Пирсон.

Ја обожавам љубовта која мојот син секогаш ќе ја има од тебе.

Џон Џон Џон ЏесикаЏесика со синот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11418 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.