Мајка, која во бременоста тежела 115 килограми, одлучи да го промени своето тело и начинот на живот откако забележала дека е предебела за да стане од подот по игрите со нејзиното бебенце.
Во текот на бременоста, Кашмир Џејкобсон не обрнувала внимание на зголемената тежина зашто била преокупирана со подготовките за мајчинството. Но, откако ќеркичката станала дел од нејзиниот живот, таа сфатила дека тежината ја спречува да биде најдобрата верзија од себеси.
Кога бебенцето имало четири месеци, Кашмир се заколнала дека ќе се промени себеси и своето тело. „Во тој момент имав 107 кг и бев несреќна поради мојот изглед. Бев премногу подуена за да станам од подот кога ќе седев со неа и бев најдебела во мојот живот“ – рекла таа.
Мотивираната мајка започнала полека, но сигурно да ја намалува својата тежина.
На почетокот, Џејкобсон се качувала и симнувала по скали носејќи ја ќерка си в раце, потоа почнала да оди на долги прошетки туркајќи количка, за на крајот да ангажира личен тренер во фитнес сала.
„На почетокот на моето патување не можев ни да замислам дека ќе имам волја и посветеност за да ги постигнам денешните резултати. Запомнете дека не мора да бидете добри за да започнете, но морате да започнете за да бидете добри.“
„Вистината е дека никој нема да те спаси, никој нема да ти даде магично апче со кое ќе ослабиш на магичен начин. Од моето искуство, знаев што требаше јас да направам: Да престанам со изговорите (‘Премногу сум уморна’, ‘Имам мало бебе’, ‘Немам време’) и да започнам да си бидам приоритет себеси.“
„Станав многу дисциплинирана и се сакав себеси доволно за да тежнеам кон позитивни промени не само за моето здравје, туку и да мојата среќа. Создавањето на здрава навика или позитивна промена мора да доаѓа длабоко од тебе“ – вели Кашмир.
Кашмир готви во недела за следните четири дена и се фокусира на приготвување на здрави оброци.
Во својата најслаба верзија, таа тежела 61 килограм, но оттогаш има качено 4 килограми и вели дека е среќна поради тоа, бидејќи не мора да се лишува од храната која ја сака.
„Иако цифрата на вагата не ме дефинира како личност, добив многу повеќе самодоверба и самопочит за да бидам посилна. Се гордеам што имав сила за да ја постигнам мојата цел“ – вели таа.
Бидејќи честопати добивала коментари дека стриите на стомакот мистериозно ѝ исчезнале, неодамна таа сподели фотографија за да покаже дека стриите не исчезнуваат, туку само ја менуваат бојата со текот на времето.
Ова е за сите оние што сметате дека моите стрии мистериозно исчезнале:
Главното прашање кое секојдневно го добивам секогаш е поврзано со луѓето кои сакаат да ослабат, но се плашат од „виснатата кожа“. Поставете си го себеси следново прашање: „Дали претпочитате да заглавите во дебело уморно неудобно тело кое го мразите или да имате малку висната кожа и избледени стрии, но да се чувствувате силно, фит и здраво?! ЗНАМ КОЕ ЌЕ ГО ИЗБЕРАМ ЈАС.“
Реалноста е дека кога имате прекумерна тежина или кога носите дете, вашето тело се шири и вашата кожа се менува и нема ништо лошо во тоа.
Јас сум силна, јас сум способна и јас сум горда на телото што го имам денес.