Почетна » Новости » Занимливости » Мајка ослабе 45 кг откако се почувствува предебела за да си игра со ќеркичката

Мајка ослабе 45 кг откако се почувствува предебела за да си игра со ќеркичката

Мајка целосно го трасформираше својот изглед откако се почувствувала предебела за да игра со својата ќерка.

Кристина Карлос

Во 2012 година, Кристина Карлос била на плажа кога почувствувала дека не е способна да игра со 8-годишната ќерка Изабела, бидејќи се заморувала. „Бев уништена, бидејќи не бев способна да си играм со Изабела на начинот на кој таа сакаше. Станував преголема и летаргична. Ми недостигаше воздух, не бев во форма и ми беше неудобно. Тоа лето одлучив дека не можам да го живеам животот сонувајќи и гледајќи ги луѓето како го живеат нивниот живот исполнето. Не можев да седам и да не бидам активна за мојата ќерка. Не можев да ризикувам да имам здравствени проблеми. Сакав да почувствувам живост за моето дете и да му поставам добар пример“ – изјавила мајката која тогаш имала 32 години.

Кристина Карлос Кристина Карлос Кристина Карлос

Кристина одлучила полека, но сигурно да се движи кон поздрав начин на живот.

Таа ја заменила пржената и процесирана храна со оброци кои главно се состоеле од зеленчук и пиела по околу 4 литри вода дневно за да го намали својот апетит. Најчесто нејзиното дневно мени се состоело од следново: овес и јајца за појадок, салата со домашен сос за ручек и риба со зеленчук за вечера.

Се разбира, покрај промените во режимот на исхрана, Кристина ја зголемила и својата физичка активност. На почетокот, решителната жена одела на лента за трчање по 45 минути шест дена неделно, но како што минувало времето, таа го заменувала одењето со трчање.

Кристина Карлос Кристина Карлос

Една година подоцна, Карлос тежела 45 килограми помалку, но веќе имала нова цел пред себе – да се пријави на бикини натпревар.

„Тоа значеше дека морав да одам во фитнес сала и да кревам тегови. На почетокот бев нервозна, но потоа сфатив дека сите околу мене се во фитнес сала со една цел, а тоа е да се подобрат себеси. Морав да се фокусирам на мене, а не на другите.“

„Вежбањето со тегови уште повеќе го забрза моето слабеење и навистина ја промени формата на моето тело. Бев многу нервозна за моето прво појавување на сцената, но присуството на ќерка ми ми даваше сила. Без разлика дали ќе победев или изгубев, јас веќе имав нешто постигнато“ – рекла таа.

Кристина Карлос Кристина Карлос Кристина Карлос Кристина Карлос

Денес, Кристина има неколку килограми плус одошто кога се натпреваруваше на бикини натпревари и тежи 63 килограми. Нејзината исхрана се основа на многу протеини, зелени зеленчуци, сложени јаглехидрати и здрави масти. Таа никогаш не се изгладнува себеси и им порачува на сите оние кои сакаат да ослабат да не се форсираат и да веруваат во себе.

„Верувајте во себе. Ако нешто посакувате доволно силно, ништо не е невозможно. Гледајте од денес за утре. Не мислете многу долгорочно и фокусирајте се на она што треба да го направите во тој момент, бидејќи ако се фокусирате на тоа како сакате да изгледате, лесно може да се обесхрабрите. Фитнесот е животно патување. Бидете добри кон себеси и уживајте во процесот“ – порачува Карлос.

Кристина Карлос Кристина Карлос Кристина Карлос Кристина Карлос Кристина Карлос Кристина Карлос Кристина Карлос Кристина Карлос Кристина Карлос Кристина Карлос Кристина Карлос Кристина Карлос

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11709 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.