Ако имате ќерка, несомнено ќе пронајдете инспирација на Instagram профилот studiohilde.
На него, посветена мајка објавува фотографии од фризурите кои им ги прави на своите две ќерки. Талентираната жена секојдневно си го зголемува бројот на фанови и има создадено мрежа од над 100 илјади следбеници.
Можеби ќе посакате да ја дотерате вашата мала принцеза со некоја од фризурите на Хилде.