Почетна » Новости » Занимливости » Мајка на четири деца ги покажа лузните за да ја подигне свеста за ракот на дојка

Мајка на четири деца ги покажа лузните за да ја подигне свеста за ракот на дојка

Фотографиите на Бет Ванга со огромна брзина го обиколуваат светот. Храбрата мајка на четири деца привлече големо медиумско внимание откако се соблече за да ги покаже лузните од многуте операции, сè со цел да ја подигне свеста за ракот на дојка.

Минатата година, на 32-годишна возраст, Бет дознала дека има големи промени во клетките на левата дојка и мутација на генот BRCA2. Таа поминала низ двојна мастектомија (отстранување на дојките) и реконструкција на градите, како и комплетна хистеректомија (вадење на матката). Но, наместо да ги крие лузните, таа го започнала проектот „Under the red dress“ (Под црвениот фустан).

Фотографката Надја Масот направила разголени фотографии од Бет кои биле поставени на Facebook.

Бет Ванга

„Секој ден се разминуваме со луѓе. Овие индивидуи изгледаат нормално, но под нивната облека понекогаш нивните тела раскажуваат друга приказна... Млади или стари, возраста не е важна, самопрегледите се од суштинско значење. Може да ти се случи и тебе“.

пишува Бет во описот на проектот

Бет Ванга Бет Ванга

Досега Бет има допрено со својата порака до милиони луѓе и најголем дел од нив имаат само охрабрувачки и позитивни коментари. Но, набрзо по објавувањето на фотографиите, Бет „изгубила“ околу 100 Facebook-пријатели, кои сметале дека фотографиите се несоодветни.

Многумина коментираат дека тие лица никогаш и не ѝ биле вистински пријатели на Бет, штом реагирале на таков нечувствителен начин.

„Во ред е, секој има право на свое мислење – затоа се социјалните мрежи. Се изложив себеси пред милиони луѓе и ако тоа натера една личност да си го провери телото, тогаш тоа е она што го посакувам“ – рекла таа за „The Courier-Mail“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25455 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.