Почетна » Новости » Занимливости » Мајка на три деца му оддаде почит на сопругот кој секојдневно се жртвува за семејството

Мајка на три деца му оддаде почит на сопругот кој секојдневно се жртвува за семејството

Кога си мајка на три деца и работиш на полно работно време, разбирливо е отсуството на сопругот да те иритира. Но, кога тој го прави тоа за да го издржува семејството, неговата жртва станува инспирација.

Кејти Спенс од Тенеси во пост на Facebook опиша колку е тешко да се живее со фармер кој макотрпно работи, опишувајќи ја неговата професија како неблагодарна. Најпрво таа објаснува дека била гневна што нејзиниот сакан сопруг минувал само по еден час во денот со неа и нивните мали дечиња. Но, една вечер, нејзините чувства целосно се промениле.

Погледнете ја фотографијата од нејзиниот изморен сопруг со ќеркичката и прочитајте ја пораката на Кејти која стана вирална и за само два дена има 102.000 допаѓања и над 21.000 споделувања.

Фармер и ќерка

Ја направив оваа фотографија пред некоја вечер, на крајот од многу долг ден. Бев уморна. Бев иритирана. Му имав испратено на сопругот порака велејќи му дека знам дека нема да направи разлика, но сакам да знае дека ми беше преку глава од тоа колку многу работи и од сè она што морам јас да го правам сама секојдневно. Работа на полно работно време, готвење вечера, капење на децата, викенд патувања без него, одржувањето на домот... го презирав тоа.

Мора да ги имам овие мали моменти еднаш (или повеќепати) за време на сезоните на сеење и жнеење. Тогаш се случи ова. Тој влезе дома, си ја постави чинијата и седна да јаде сосем сам. Беше уморен. Му беше жешко. Беше исцрпен. Наместо да се жали, тој рече дека му е жал што сум уморна и што се чувствувам така. Шарлот му се придружи, му го смати мозокот од зборување, дури и изеде голем дел од неговата вечера. Тој не се пожали. Тој сподели со неа. И тогаш ми светна.

Дали посакувам да можевме да го гледаме повеќе од еден час во денот? Да. Но, љубовта која ја има тој за својот занает е нешто за кое треба да му се завидува. Фармерите работат во неблагодарна професија. Секогаш се бараат органски и производи без ГМО, а да не зборуваме за стресот од Мајката Природа. Ова е човек кој работи за да го продолжи трудот на четири генерации и нивната пролиена крвава пот и солзи и да им ја покаже на своите деца вредноста на напорната работа и дисциплината. Па додека јас се чувствував фрустрирана, требаше да се чувствувам благодарна. Јас имав можност да седнам на вечера со моите деца и да ги слушам нивните приказни за денот. Можев да ги искапам и да ги слушам нивните врисоци и кикотења. Имав можност да ги прегрнувам и да ги сакам 3 часа повеќе отколку што може тој. Тој е оној кој се жртвува, а не јас. Ќе чекаме до наредниот дождлив ден кога ќе добиеме неколку гратис часови со нашиот посветен работник. Во меѓувреме, следниот пат кога ќе облечете некоја комфорна памучна маичка и ќе јадете вкусна храна од фарма, заблагодарете му се на фармер. Каде ќе бевме ние без нив?

Деца

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.