Почетна » Новости » Занимливости » Мајка и нејзината посвоена ќеркичка со церебрална парализа освојуваат на Instagram

Мајка и нејзината посвоена ќеркичка со церебрална парализа освојуваат на Instagram

Кристина и нејзината посвоена ќеркичка Финли, која има церебрална парализа, се неодоливо дуо со специјална врска. Тие секојдневно ја документираат својата приказна преку фотографии и видеа, а нивните обожаватели на Instagram континуирано се зголемуваат.

„Искористи ја твојата НАСМЕВКА за да го промениш СВЕТОТ, не дозволувај светот да ја промени твојата насмевка“ – е нивното животно мото.

Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли

Една година откако стапиле во брак, Кристина и нејзиниот сопруг решиле да се обидат да имаат дете. Но, по долги месеци борба со неплодност, таа дознала дека има намалена оваријална резерва и дека дури и да успее да забремени, голем е ризикот да доживее спонтан абортус.

Тогаш, парот решил да си ја оствари големата желба да има дете со посвојување. За кратко време, тие ја добиле среќната вест дека ќе посвојат новороденче.

Биолошката мајка ја родила Финли предвреме, во 31. недела од бременоста со царски рез. Во првите часа од својот живот, новороденчето било во критична состојба и било пренесено на интензивна нега.

Финли била толку мала и нежна што веднаш се вгнездила во срцето на Кристина, која ѝ ветила дека вечно ќе ја штити и ќе ѝ го подари светот.

Кристина и Финли

Поради тоа што било родено предвреме, девојчето доживеало крвавење на мозокот. Докторите им соопштиле на родителите дека Финли има церебрална парализа и дека големи се шансите никогаш да не може да оди самостојно. Загрижениот пар се заколнал дека ќе направи сè што е во негова моќ за да ѝ помогне.

Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли

Денес Финли има три години и нејзиното секојдневие сè уште е исполнето со лекови и секакви видови на терапии, а неретко и операции.

„Срцето ми се крши малку по малку секојпат кога ќе побара од мене да ѝ помогнам да стане. Да можам, би ѝ ги дала моите нозе. Како родител, нема ништо полошо од тоа да го гледаш своето дете како страда“ – вели Кристина.

Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли

3-годишното девојче, кое обожава да танцува, неодамна минало низ голема операција, која ќе му помогне да има поголема контрола над своето тело и еден ден да се движи без никакви помагала.

Кристина и Финли Кристина и Финли

Честопати, Кристина и Финли се облекуваат во складни комбинации.

Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли

Семејството го слави секој напредок на слаткото девојче. Со споделувањето на својата приказна на интернет, тие целат да ја зголемат свеста за церебралната парализа и да ги охрабрат луѓето да посвојуваат.

Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли Кристина и Финли

ВИДЕО

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.