Почетна » Новости » Занимливости » Матурантка од НОВА пред предизвикот да проучува ретки болести во САД

Матурантка од НОВА пред предизвикот да проучува ретки болести во САД

Повеќе елитни универзитети во САД и во Холандија биле на листата на желби на матурантката од НОВА, Кристина Аџиева, за да го продолжи своето образование по завршувањето на средното школо. Иако двете земји имаат многу различни образовни системи, Кристина ја замислила својата академска иднина како дел токму од еден од нив.

По повеќето пристигнати позитивни одговори и од американските и од холандските универзитети, таа го избрала Универзитетот во Колорадо Болдер (University of Colorado Boulder). Таа таму ќе студира биологија, поточно интегративна физиологија, која е дел од колеџот за уметност и наука. Станува збор за област која најмногу ги изучува животните и поспецифично луѓето, нивната анатомија, процесите, генетиката и функцијата на органите, но има поврзаност и со биохемија и статистика.

Кристина Аџиева

Универзитетот во Колорадо Болдер уште од почетокот беше еден од моите главни избори. Се наоѓа на Карпестите Планини (Rocky Mountains) и има безброј спортови достапни за сите студенти преку целата година. Универзитетот има голем број на ученици од САД и останати држави низ светот. За мене најважни при изборот беа програмата и истражувањата што ги нуди универзитетот. Иако досега бев опкружена со медицината, никогаш не помислував дека ќе студирам биологија. Со меѓународната матура (IBDP) дознав дека уживам во изучувањето на биологијата и истражувањата кои доаѓаат со самото учење. Сето тоа ми овозможи да разберам колку природно ги разбирам сите процеси. Со поддршка на мојот професор и моите родители дознав дека биологијата е вистински избор за моите идни студии. Самата возбуда за понатамошно учење и истражување ми укажува дека донесов правилна одлука“ – вели Кристина.

Процесот за аплицирање на универзитетите во САД бил едноставен бидејќи сите информации ги има на еден ист интернет-портал. Но и покрај тоа, имало многу чекори што треба да се следат, па оттука доаѓал и стресот, но и позитивната возбуда.

Кристина Аџиева

За жал, вирусот ковид-19 ми ограничи многу можности бидејќи поради пандемијата ми недостасуваа награди кои се потребни за успешна апликација. НОВА оваа година воведе нови награди во програмата, кои сметам дека дополнително ќе ми помогнеа во процесот. Со тоа што одамна се подготвував за аплицирање во САД, имав доволно сознанија што сѐ е потребно за аплицирањето, така што немав многу непознати и ненадејни чекори“ – објаснува Кристина.

Целиот процес ѝ го олеснил нејзиниот академски советник од НОВА кој две години ја подготвувал неа и нејзините соученици за начинот на пријавување на универзитетите во странство и за тоа што ги очекува. Со нив споделил многу корисни и детални информации за секоја земја посебно. Дополнителна поддршка си давале и учениците меѓу себе, си ги проверувале есеите, активностите и се бодреле за време на целиот процес на аплицирање.

Кристина вели дека има голема желба и мотивација за образование и затоа се надева дека ќе нема проблеми со академскиот аспект на студиите. Но, за неа најголем предизвик ќе биде физичката и емотивната одвоеност од семејството и пријателите, која ќе се обиде донекаде да ја надмине со помош на виртуелните врски.

Оваа млада девојка има многу амбициозни планови за нејзината иднина.

По завршување на моите студии би сакала да се запишам на последипломски студии од областа на генетиката и да станам генетски советник. Ме интересира проучувањето на ретки болести и сакам да им помагам на семејствата кои се соочуваат со таков проблем. Истражувањата ми се основната идеја за што навистина сакам да правам во мојот живот. Како амбициозна личност имам големи очекувања од себе и се надевам дека нема да се разочарам“ – вели Кристина.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11169 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.