Почетна » Новости » Занимливости » Марјана знае што е Гуте Фрухте. Дознајте и Вие!

Марјана знае што е Гуте Фрухте. Дознајте и Вие!

Вчера во прекрасниот амбиент на Мекиците од Стража, во супер релаксирана атмосфера, претставниците на седмата сила за прв пат се запознаа со вкусот на Гуте Фрухте, одличниот нов сок во кој сега веќе ќе можете да уживате и Вие. Спакуван во еколошко Tетрапак пакување и направен според рецепт на швајцарски Живодан (www.givaudan.com), компанијата која е глобален лидер во креирање вкусови и рецепти и фирма во која најголем поединечен сопственик на акции е милијардерот Бил Гејтс. Ова е прв сок кај нас што ќе се произведува со рецептурата на оваа компанија, а со тоа Гуте Фрухте влезе во друштво на Унилевер, Нестле, Прада, Диор и многу други гиганти кои веќе се клиенти на Живодан.

Промоција на Гуте Фрухте

„Ќе ве дружи на вашите семејни ручеци и вечери, на вашите забави, ќе биде со вас секогаш кога ќе ви притреба во текот на ноќта, без разлика во кое време ќе го побарате и што е најважно, нема да ви прави проблеми со брачниот партнер...” – се шегуваше Жарко Димитриоски, водителот на ток шоуто Еден на Еден кој беше модератор на пресот.

Листата на познати личности кои прекрасниот вкус на Гуте Фрухте веќе ги освои, ја дополнија убавата Марјана Станојковска, која за потребите на кампањата ќе го освежи својот германски јазик (ќе видиме што ќе зборува на германски во некој од рекламните спотови) и легендата на спортското новинарство, Атанас Костовски, кој на задоволство на сите нас, повторно ќе може да го видиме на тв екраните, а за прв пат во ваква улога. Тие ќе продолжат и натаму да бидат бренд амбасадори на сокот и ќе се најдат и во многу интересни рекламни кампањи за истиот во иднина, во продукција на Еден на Еден (www.edennaeden.mk) како агенција.

Промоција на Гуте Фрухте

„Не можам многу да откривам, интензивно учам германски, ќе дадам сѐ од себе да биде сѐ како што треба. Сигурна сум ќе ве изненадиме многу позитивно” – изјави Марјана. Таско додаде дека едвај го чека Гуте Фрухте хуманитарниот настан кој ќе се организира наскоро и во кој Марјана и други познати личности ќе играат одбојка на плажа. „Само да не ме терате и мене да играм. Јас ќе судам или ќе коментирам. Опремата сигурно подобро ќе ѝ стои на Марјана” – низ насмевка прокоментира популарниот Таско.

Промоција на Гуте Фрухте

За поздравување е и потегот кој го соопшти Жаре. Имено, Тотал Брендс, ексклузивниот застапник на Гуте Фрухте за Македонија ја подржа хуманитарната акција за помош на настраданите од поплавите во Србија и Босна со донација на речиси еден тон производи.

Промоција на Гуте Фрухте

Наскоро започнува и промотивната кампања. Бидете внимателни бидејќи тргнува карванот на Гуте Фрухте, а внимавајте и следниот пат кога ќе одите во најблискиот маркет. Пронајдете го Гуте Фрухте и уверете се зошто ние веќе испазаривме неколку пакети! За пофалба е дека во првите месеци од стартот на продажбата, сокот ќе се продава по исклучително поволна промотивна цена.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11498 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.