Почетна » Новости » Занимливости » Марија Ѓошевска: Ја слушам и гледам прекрасната музика на животот!

Марија Ѓошевска: Ја слушам и гледам прекрасната музика на животот!

“Марија, гледај во зеленото светло! 10 секунди, 5 секунди готово, десното око е готово. Ајде левото, 10 секунди, 5 секунди, Марија ти си супер цура. На здравје!!! Интервенцијата заврши. По два дена, јас бев повторно со пијаното и со моите студенти на Факултетот за музичка уметност, но сега поинаква, сега не само што гледам со моите очи, туку и слушам со моите очи” – вели Марија Ѓошевска откако ја направи ласерската корекција на диоптрија во Систина Офталмологија.

Марија

Марија Ѓошевска е концертен пијанист и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во нејзиното семејство ни еден член немал проблеми со видот, и неочекувано на систематски преглед во училиште и ја откриваат миопијата и започнува да носи очила. “Доден денес знам да кажам дека тие две кариери, миопијата и музиката заедно ги започнав” – се шегува Марија.

Диоптерот на Марија се зголемувал на секои 6 месеци, и ден денес има мало, не многу забележително искривување на коската на носот од очилата. Носењето на очила предизвикувало чувство на фрустрација и кога и пораснал на -4, не можејќи веќе да издржи со очила започнува да носи меки контакни леќи. Во продолжение, Марија накратко раскажува за своето искуство со ласерската корекција на диоптрија во Систина Офталмологија:

Некако се опоравив од фрустрацијата и бев среќна што ќе можам да свирам на концерт без очила. Бев многу одговорна и за период од 20 години не изгубив ниту една леќа. Во цел тој период развив одлична пијанистичка кариера и добив покана да дебитирам со солистички концерт на нашиот најреномиран меѓународен фестивал "Охридско лето". Во првиот дел концертот на пет минути пред крај леќите ми се исушија и финалето (последниот став) на Сонатата бр.3 од Фредерик Шопен го отсвирев во потполна магла. Ништо не гледав. Ме спаси меморијата на умот и рацете. Тоа беа НАЈДОЛГИТЕ ПЕТ МИНУТИ ВО МОЈОТ ЖИВОТ. После таа случка си помислив, дали некогаш ќе се ослободам од оваа мака? Последниве пет-шест години диоптерот почна да ми се стабилизира, а наслушнав и информации за можност за ласерска корекција на диоптрија, но некако ми се чинеше неверојатно дека тоа е возможно. Искрено, ми беше страв. За Систина Офталмологија слушнав на реклама на која Магдалена Ризова говореше за нејзината случка во театарската сцена, која многу ме потсети на мојатa случка на солистичкиот концерт. Одлуката беше донесена. Мечка страв, мене не ми е страв! На прегледот се утврди дека сум кандидат за оваа интервенција, и се разбира дека бев пресреќна! Да гледам со моите очи после 30 ГОДИНИ? Не, зарем ова мене ми се случува!. Интервенцијата траеше 3 минути, прекрасен тим на доктори беа околу мене, имавме опуштен разговор. Бев максимално опуштена, знаејќи дека тимот на Систина ќе се погрижи за мене на најдобар можен начин!“

Ласерската корекција на диоптрија, како најсовремена метода за остранување на секоја диоптрија, во Македонија успешно ја изведува врвниот и искусен тим на Систина Офталмологија, во соработка со најголемата Универзитетска клиника „Свјетлост“ од Загреб. Оваа универзитетска очна клиника е прва во Хрватска која започна да работи ласерско отстранување на диоптрија уште пред 17 години и до сега оперирала преку 50.000 очи.

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11195 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.