Почетна » Новости » Занимливости » Марија Ѓорѓиевска: Во AVON најдов слобода и финансиска независност

Марија Ѓорѓиевска: Во AVON најдов слобода и финансиска независност

„Оваа професија е како скроена за мене. Ми дава и нуди нешто што ретко кој го има на овие простори, а тоа ја прави сѐ попривлечна и подобра“

Марија

Марија Ѓорѓиевска од Скопје е студентка на квалитет на безбедност и храна, a паралелно е посветена и на работата како Јуниор менаџер во козметичката компанија AVON. Најмногу ѝ се допаѓа слободата која ја има поглед на работното време, а притоа е и финансиски независна. Води тим во кој има Претставници и Лидери кои се фасцинирани од можностите кои им се нудат во AVON.

Марија Ѓорѓиевска

„AVON за мене на некој начин е животен партнер, професија скроена за мене, која дава и нуди нешто што ретко кој го има на овие простори, а тоа ја прави сѐ попривлечна и подобра“ – додава Марија.

Опции за постојана надградба

Работата ѝ овозможила финансиска стабилност, ја направила професионалец и ѝ посочила како да го пронајде рецептот за континуиран напредок. Откако станала дел од тимот, доживеала огромни промени на професионален и приватен план и додава дека е вистинска привилегија да се биде дел од семејство како AVON.

„AVON не само што ми се вклопува во животот, туку и се прилагодува кон мене и станува толку близок и флексибилен што не можам да си замислам ден без мојата работа“ – објаснува Марија и додава дека сегашниот успех го постигнала благодарение на силната желба за напредок и професионалните обуки кои ги нуди AVON.

Компанијата дополнително ѝ ги развила лидерските способности што сега се рефлектира и во нејзиниот приватен живот.

„Сега јас сум организаторот кој менаџира ресурси за дружби и настани“ – на шега додава 24-годишната девојка.

Вива

Одличните резултати ме мотивираат

Смета дека е успешна и тоа е резултат на нејзината работа во AVON.

„Мојата континуирана работа и одлични резултати, не ми даваат само право да се гордеам туку и постојано ме мотивираат да се трудам во насока на дополнителен напредок“ – објаснува Марија.

За неа, независноста која ја добила со помош на работата во компанијата е многу важен фактор и е примарниот сегмент од каде почнува секоја слобода и среќа.

Следејќи го мотото на AVON, „Убавина со цел“, посочува дека за неа убавината е сè она што му годи на човекот и го прави да се чувствува добро во сопствената кожа.

„Тоа е чувство на независност, амбициозност, професионализам, доверба, поддршка, сочувство и да се има цел за сопствено добро и за доброто на сите други. Да се биде убавина со цел“ – завршува Марија.

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.