Секоја девојка се чувствува магично додека на себе носи венчаница, но за Никол Каспар тоа се претвори во најубавиот момент на кој со насмевка ќе се сеќава до крајот на својот живот.
Атрактивната манекенка доби предлог за брак од своето момче додека дефилираше на модната писта на невестинска ревија.
Запросувањето се случи пред убавиот модел да ја затвори ревијата заедно со дизајнерот Елијас Гутиерез.




„Сакав овој момент да биде исто толку специјален колку што ти ми си мене. Си помислив, кој би бил подобар начин да го направам ова, отколку на пистата додека ти го правиш она што го сакаш.“
„Никогаш не верував во љубов на прв поглед, но морам да признам, беше многу поразлично првиот пат кога те видов. Почувствував нешто што никогаш претходно немам почувствувано и не можам да го опишам со зборови. Од тој момент досега, ти ме направи посреќен одошто некогаш можев да си замислам да бидам. Ако ми дозволиш, ќе го поминам остатокот од мојот живот обидувајќи се да те усреќам на истиот начин“ – ѝ рече момчето пред да клекне на колено и да ѝ го постави судбоносното прашање.
Среќната идна невеста рече „ДА“ пред сите гости на модното шоу.







