Почетна » Новости » Занимливости » Малала Јусафзаи стапи во брак и сподели фотографии од интимната прослава

Малала Јусафзаи стапи во брак и сподели фотографии од интимната прослава

Малала Јусафзаи му го кажа судбоносното „Да“ на нејзиниот партнер Асер Малик на мала церемонија во нивниот дом во Бирмингем, Англија.

24-годишната Пакистанка, која пред речиси една деценија беше застрелана во главата од талибанците и која е најмладата добитничка на Нобелова награда за мир, ја објави среќната вест на социјалните мрежи.

Малала Јусафзаи Малала Јусафзаи

„Денес е скапоцен ден во мојот живот. Со Асер стапивме во брак за да бидеме животни партнери. Прославивме на мала церемонија со нашите семејства во нашиот дом во Бирмингем. Ве молиме, испратете ни ги вашите молитви. Возбудени сме што ќе чекориме заедно на патувањето што е пред нас“ – напиша таа во описот на фотографиите.

Малала Јусафзаи Малала Јусафзаи Малала Јусафзаи Малала Јусафзаи

Малала потекнува од Пакистан. Кога имала само 15 години, била застрелана во главата и вратот од Талибанците поради дневниците кои тајно ги испраќала во BBC.

Малала Јусафзаи

Малала од мали нозе се образовала и внимателно ги следела лекциите на нејзиниот татко, кој бил учител. Во нејзините дневници, младата девојка пишувала за својата земја, за различни секојдневни нешта како тоа дека омилениот розов фустан може да ја стави во опасност, бидејќи Талибанците не ги одобруваат силните бои.

Малала знаела дека нејзините дневници се опасни и се плашела дека еден ден ќе дојде некој да ја замолчи засекогаш. Но, била подготвена храбро да се исправи и да им каже дека она што се обидуваат да го направат е погрешно и дека образованието е наше основно право.

Малала Јусафзаи

По страшниот инцидент, била формирана Фондацијата „Малала“, која е раководена од самата неа. Со средствата кои ги собира, Малала се залага да го оствари својот сон – образование за секое дете.

Во 2014 година, таа беше прогласена за добитничка на Нобеловата награда за мир и стана најмладата личност која го има добиено тоа признание во историјата.

Малала Јусафзаи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11391 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.