Почетна » Новости » Занимливости » Мал бушавко: Едногодишно момче со нескротлива руса коса стана хит

Мал бушавко: Едногодишно момче со нескротлива руса коса стана хит

Мал бушавко стана хит на интернет.

Локлан Семплс има нескротливата руса коса, предизвикана од синдром на коса која не се чешла (uncombable hair syndrome).

Локлан Локлан Локлан

Прамените на 14-месечното момче стојат нагоре и не можат да се исчешлаат надолу, без разлика колку и да се обидуваат неговите родители. „Многу луѓе го нарекуваат пиленце“ – вели неговата мајка Кејтлин.

Таа дополнила дека покрај позитивните, луѓето им даваат и негативни коментари.

„Лок веќе е мала ѕвезда. Луѓето ни приоѓаат каде и да одиме. Навистина, не можеме да одиме никаде без да има барем една личност која ќе даде коментар за косата. Најчесто се добронамерни, но има и груби и саркастични коментари кои ми го кршат срцето“ – додала Кејтлин.

„Изгледа како да го има ставено прстот во штекер“ и „Изгледа како мојата мачка кога е уплашена“ – се дел од исмејувачките коментари за косата на Локлан.

„Засега, јас и мојот сопруг сме единствените кои треба да се соочуваат со тоа, но како што ќе расте Лок, ќе мора да се соочува и тој. Неговата коса е навистина извор на радост. Сакам кога ќе порасне да се гордее на тоа што е поразличен и уникатен“ – изјавила неговата мајка.

Локлан Локлан Локлан Локлан Локлан Локлан Локлан

Ова е редок синдром и има само 100-тина случаи во светот.

„Неговата коса не треба многу да се мие... можеби еднаш неделно. Не впива вода, па потребна е само една минута да се помине со нежен шампон и вода“ – објаснила мајка му.

Локлан Локлан Локлан Локлан Локлан Локлан Локлан Локлан Локлан Локлан Локлан Локлан Локлан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.