Почетна » Новости » Занимливости » Македонските танчари од „Dancers United“ го освоија петтиот златен медал на Европско првенство во танц

Македонските танчари од „Dancers United“ го освоија петтиот златен медал на Европско првенство во танц

Танчарите од студиото „Dancers United“ од Скопје се закитија со уште еден златен медал на Европското првенство во танц.

Момците и девојките со типичен и атипичен развој се натпреваруваа во Инклузивна шоу денс категорија на првенството во Варшава и го освоија првото место.

Ова е петта година по ред оваа инклузивна група танчари да се закити со златен медал.

„Инклузивната група Dancers United од Македонија со танчери со типичиен и атипичен развој на Европското првенство во танц во Полска 5-та година по ред го освои златниот медал на Светскиот куп во рамките на првенството.“

„Танчерите со типичен развој се закитија со повеќе медали во разни натпреварувачки категории. Златен медал освои групата Latino show во категоријата младинци, сребрени медали освои малата група Latino show во категоријата деца и јуниори. Шампионската титула на танцовото првенство ја понесе најмладaта танчерка во студиото, европската првенка Емили Нера Кочан, во категоријата Mini kids Latino show, додека сребрени и бронзени медали во категоријата Latino tanci освоија соло девојки и младински парови“– споделуваат на Facebook.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.