Почетна » Новости » Занимливости » Македонскиот тенисер Стефан Мицов во Теннис Парк

Македонскиот тенисер Стефан Мицов во Теннис Парк

Еден од најдобрите македонски тенисери Стефан Мицов редовно ја одржува својата форма во тенискиот клуб Теннис Парк при СЦ Јане Сандански.

Стефан Мицов

Опишувајќи еден свој ден, Стефан вели:

„Нормално станувам околу 8ч. наутро и по завршувањето на утринските ритуали, во 9ч. пристигнувам во кафетеријата при тенискиот клуб, каде пред мојот тренинг најчесто конзумирам протеински шејк кој ми ја дава потребната енергија за тренинг.“

„Утринскиот дел од тренингот редовно ми е на терен, односно подобрување на техниката под раководство на Предраг Русевски. Вообичаено овие тренинзи траат час и половина за веднаш потоа да се вратиме во просториите на клубот, каде низ разговор со Русевски ги анализираме добрите и лоши страни од мојата игра.“

„Една од главните причини поради кои се решив токму во СЦ Јане Сандански да ја одржувам и подобрувам својата форма е и исхраната која секако е многу важна за професионалниот спортист. На ова поле, апсолутно немам никакви дилеми бидејќи во ресторанот Руссиа се хранам по специјална програма изготвена од стручниот кадар на ресторанот.“

„Во попладневните часови следува вториот дел од моите обврски, односно тренингот во теретана. Фитнес центарот Cybex во СЦ Јане Сандански ми ги овозможува неопходните услови, големиот број на реквизити и стручноста на тренерите, со чија помош работам на потребниот баланс, сила и фокус.“

Стефан Мицов Стефан Мицов Стефан Мицов

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11960 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.