Почетна » Новости » Занимливости » Македонски првачиња: Клинци на познатите во училишните клупи

Македонски првачиња: Клинци на познатите во училишните клупи

Толку многу нешта се менуваат во семејството кога децата тргнуваат во училиште, од раното будење и строгите утрински правила, промена на локацијата каде што ги носиме секое утро, попладневни обврски околу домашната работа, набавка на училиштен прибор и дополнителна опрема. Дознајте кого од нашите познати фаци го чекаат овие промени.

Сашо Мацановски Трендо и неговата сопруга Зорица Црношија во училиште оваа година ја праќаат својата ќерка Бела. На овој пар училишните обврски не му се ништо ново, бидејќи веќе го имаат искусниот ученик, девет и полгодишниот Мате, кој го почнува петтото одделение.

Првачиња

Но промената ќе биде голема за Кристина Петровски Арнаудова и нејзиниот сопруг Александар, кои во прво одделение оваа година го пратија својот син Максим. Кристина во моментов пишува нови песни, посветено работи на Здружението за хумано-општествен развој „Проект среќа“, жонглира помеѓу обврските во ММИ (Македонска музичка индустрија)и својот помал син Матео, но веруваме дека сепак оваа година ќе му биде посветена на првачето Максим.

Првачиња

И Олгица Христова оваа година во прво одделение ја праќа својата ќерка Каја, а гордата мајка има подготвено сè од училишна опрема за својата најмила.

И Александра Пејковска од Фудбалската федерација на Македонија има прваче чија безгрижност ќе ја заменат училишните обврски. Малиот Максим освен што ги обожава фудбалот и музиката, како генетска предиспозиција од мама и тато, допрва ќе ги шири крилјата и ќе ги пројавува и своите други интереси.

Првачиња

Скопје сити мол сака да им овозможи на сите родители сè што и самите посакуваат за своите најмили. Во таа насока ја креираше големата училишна промоција „Колку грепки, толку петки“ со многу настани, подароци, активности и огромен избор на училишна опрема, охрабрувајќи ги родителите да ја бараат најдобрата вредност за своите пари и да уживаат во одличниот амбиент и во најголемиот асортиман на училишна опрема во градот за многу насмевки, петки и безгрижни училишни денови.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.