Почетна » Новости » Занимливости » Македонија меѓу најгостопримливите земји за туристи

Македонија меѓу најгостопримливите земји за туристи

Македонците се меѓу најпријателски расположените народи кон гостите од странство. Според новиот извештај на Светскиот економски форум, Македонија е на четврто место по гостопримливост во светот.

Во извештајот „Travel and Tourism Competitiveness Report 2013“ биле рангирани 140 земји според компетитивноста во туризмот. Во категоријата „Однос на населението кон странските посетители“, Македонија добила оценка 6,7 на скалата од 1 до 7.

Македонија

Најпријателски настроени кон туристите се жителите на Исланд, а на второто место се жителите на Нов Зеланд. Со иста оценка како и Македонија се Мароко, Австрија и Сенегал. Од друга страна, најнегостопримливи кон странските туристи се жителите на Боливија.

Од балканските држави и Босна и Херцеговина си обезбеди место во топ 10 најгостопримливи држави.

Најгостопримливи земји Најнегостопримливи земји
1. Исланд 6,8 Боливија 4,1
2. Нов Зеланд 6,8 Венецуела 4,5
3. Мароко 6,7 Русија 5,0
4. Македонија 6,7 Кувајт 5,2
5. Австрија 6,7 Латвија 5,2
6. Сенегал 6,7 Иран 5,2
7. Португалија 6,6 Пакистан 5,3
8. Босна и Херцеговина 6,6 Словачка 5,5
9. Ирска 6,6 Бугарија 5,5
10. Буркина Фасо 6,6 Монголија 5,5

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11998 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.