Почетна » Новости » Занимливости » Мажи на породување: Фото-серијал покажува колку е важна поддршката од партнерот за време на пораѓај

Мажи на породување: Фото-серијал покажува колку е важна поддршката од партнерот за време на пораѓај

Професионална фотографка за породувања го насочува својот објектив не само кон родилките, туку и кон нивните партнери за да им покаже дека и тие се важни.

Породување Породување Породување Породување

Кристи Перез со моќни фотографии и моќен текст порачува дека поддршката и емпатијата која мажите им ја даваат на жените додека ги носат нивните деца на овој свет е многу важна.

„Она што ме инспирираше да направам фото-серијал со татковци е поврзано само со емпатија. Во текот на годините, партнерите при породувањето беа во сенка и се чувствуваа немоќно, но тие не сфаќаат колку всушност се моќни нивните внимателност и емпатија. Ова им дава шанса на мажите да видат дека нивната емоционална достапност може да биде клучна за жената која ја сакаат. Тие не се неспособни“ – вели таа.

Породување Породување Породување

Мажи на породување

За секоја душа што ја создаваме, постои душа со која прво сме почувствувале приврзаност.
Онаа која ни помогнала да создадеме живот.
Онаа која гледаше беспомошно додека жената која ја сака офкаше и викаше за време на породувањето.
Иако секогаш сме се ставале еден со друг на прво место, Мајката Природа стапува во сила за да го стави на задното седиште додека тој гледа како неговата сакана се трансформира. Без да има потреба од неговата асистенција.

Породување

На секое породување на кое сум присуствувала, мажите се во позадина, дури и ако стојат блиску до своите жени.
Тие всушност се многу посилни отколку што сфаќаат.
Ја носат иронијата на нивните лица дека се способни сè да поправат, но некако не се способни да ја „поправат“ нашата болка и неудобност.
Не дека ни е потребно спасување, но тие се чувствуваат немоќни да нè спасат на начин на кој се навикнати да го прават тоа.

Нивната емпатија се вивнува во небо на начин кој повеќето од нив никогаш го немале искусено, а и покрај тоа, тие молчат.
Не ја вртат ситуацијата кон себе.
Не паничат.

Тие се вознемирени.
Загрижени.
Фрустрирани.
Даваат сè од себе да не го покажуваат тоа.
Понекогаш воспоставувам контакт со нив за телепатски да им пренесам дека таа е добро.
Дека ќе биде добро.
Ретко се разменуваат зборови.

Породување

Без разлика дали нè милуваат за време на нашето искуство или го почитуваат нашиот личен простор, тие се во сенка и набљудуваат.
Сведочат како се раѓаат две или повеќе личности.

Гледаат како жената којашто некогаш ја познавале се раѓа во личноста којашто е сега.
Гледаат како жената која ја сакаат се претвора во странец кој на некаков начин сè уште е жената која ја сакаат.
Парализирани од напнатоста пред нив, нивната емпатија го надвладува нивниот страв и тие остануваат силни.

До овие мажи, ве гледаме и ве сакаме.

Породување Породување Породување Породување Породување Породување Породување Породување Породување Породување

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.