Идејата за брак честопати ги плаши мажите, заради помислата дека треба да останат само со „една жена“ до крајот на животот.
Дејл Партриџ преку Facebook им се обрати на претставниците на посилниот пол за да „им ги отвори очите“. Внимателниот татко на две деца објаснува дека тој постојано открива нови верзии на својата сакана сопруга и тврди дека „доколку разумот ти е здрав, никогаш нема да ти се смачи од една жена“.
Прочитајте го текстот кој е вирален хит на Facebook со повеќе од 650 илјади лајкови и 275 илјади споделувања за само една седмица:

Мажите се многу загрижени дека бракот ќе ги остави со „само една жена“ до крајот на животот. Тоа воопшто не е вистина. Јас се заљубив во 19-годишна планинарка, се оженив за 20-годишна љубителка на животни, основав семејство со 24-годишна мајка, потоа изградив фарма со 25-годишна домаќинка, а денес сум оженет со 27-годишна жена полна со мудрост.
Доколку твојот разум е здрав, никогаш нема да ти се смачи од „една жена“. Вистината е дека со текот на годините ќе бидеш вчудовиден од тоа со колку прекрасни нејзини верзии си се оженил. Не му вели „не“ на бракот, кажи му „да“ и продолжи да му кажуваш „да“ до денот кога ќе умреш.
