Почетна » Новости » Занимливости » Маж од Австралија на сопругата ѝ направи мини паб во гаражата бидејќи таа му рекла дека ѝ недостасува излегувањето

Маж од Австралија на сопругата ѝ направи мини паб во гаражата бидејќи таа му рекла дека ѝ недостасува излегувањето

Грижлив сопруг од Австралија ѝ направи паб на сопругата во гаражата откако таа му рекла дека ужасно ѝ недостасува излегувањето.

Кејлин Мичел од Сиднеј сподели видео од процесот на создавање на мини пабот и тоа набрзо стана вирален хит на TikTok. Видеозаписот е од нејзиниот сопруг Даниел кој со палети прави шанк, а потоа додава полици со пијалаци и ТВ на ѕидот.

„Му реков на мојот сопруг дека ми недостасува пабот, бидејќи сме во локдаун, па тој ми направи паб“ – напиша Кејлин.

„Во нормални услови, одиме еднаш неделно во локалниот паб со пријателите, но поради КОВИД повеќе сме дома и навистина започна да ни недостасува тоа“ – изјавила таа.

@kaylyn.mitchell

I told my husband i was missing the pub because we are in lockdown, so he built me one @daniel.rule ##lockdown ##sydneylockdown ##husbandwife ##fyp

♬ Dirty Deeds Done Dirt Cheap - Live - acdc

Даниел потрошил 300 долари за да го направи пабот.

Сиднеј со недели наназад е во локдаун поради брзото ширење на КОВИД-19.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11418 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.