Почетна » Новости » Занимливости » Мадеира – европски тропски рај во срцето на Атлантикот

Мадеира – европски тропски рај во срцето на Атлантикот

Од мистични патеки за пешачење низ ендемични ловорови шуми, до сурфање и нуркање во кристално чистите води на Атлантикот, Мадеира е дестинација која што нуди голем избор на авантуристички активности, но од друга страна и можности за релаксирани денови и романтични вечери исполнети со мирисот на свежа морска храна, проследена со благо португалско зелено вино и звукот на традиционалната португалска музика Фадо.

Реномираниот бренд World Travel Awards веќе четврта година по ред го прогласува португалскиот остров Мадеира за Европска водечка островска дестинација, и тоа со причина.

Нарекуван „Островот на вечната пролет“, Мадеира со својата тропска клима е одличен избор да се посети во било кој месец од годината.

Мадеира

Во продолжение погледнете 7 работи кои што не смеете да ги пропуштите при посета на Мадеира:

Природните базени во Сеишал и Порто Мониж

Најголемите природни базени во Мадеира се лоцирани на северниот брег на островот. Тие се еден од најпрепознатливите симболи на островот. Формирани се со истекувањето на вулканска лава во минатото која при допир со океанската вода креирала камени формации кои наликуваат на базени и природно се исполнуваат со океанската вода.
Базените во Сеишал се наоѓаат малку настрана од населени места и се посетувани од оние кои сакаат малку повеќе приватност и мирно уживање во природа. Од друга страна базените во Порто Мониж се наоѓаат во самиот град и околу нив може да најдете бројни ресторани и кафулиња.

Посетувањето на овие базени претставува уникатно искуство на уживање во мирна океанска вода со поглед на бурниот Атлански Океан од една страна и смирувачките зелени планини на Мадеира од другата страна.

Мадеира Мадеира Мадеира Мадеира Мадеира Мадеира Мадеира Мадеира Мадеира

Видиковецот Кабо Жирао и понша во Камара Де Лобош

Кабо Жирао е најпосетуваната туристичка атракција во Мадеира. Со надморска височина од 580m е исто така и една од највисоките карпи во Европа, која моќно се издигнува над Атланскиот Океан, овозможувајќи поглед од кој запира здивот.

Мадеира Мадеира Мадеира Мадеира

Кабо Жирао во последните години станува и популарна дестинација за зависниците на адреналин кои што изведуваат база скокање и параглајдинг летови од работ на карпата.

Мадеира

Кабо Жирао се издигнува над рибарскиот град Камара Де Лобош. Името на овај град значи „Соба на морските лавови“, бидејќи во моментот кога првите доселеници пристигнаа во заливот на Камара де Лобош, биле пречекани од колонија на морски лавови, која живеела на овoј остров во тоа време. Сега, бидејќи островот е населен, колониите на морски лавови доаѓаат само на ненаселениот остров Дезерташ, кој е дел од групата на острови на Мадеира.

Мадеира Мадеира Мадеира

Како најпопуларен рибарски град на целиот остров, Камара де Лобош нуди одличен избор на ресторани кои изобилуваат со понуди од свежа морска риба и морски плодови од кои најспецифични се рибата Ешпада Прета (Espadapreta) и Лапаш (Lapas), кој е посебен вид на морски мекотел што може да се најде на островот Мадеира. Овие специјалитети се толку популарни што во текот на месец јуни во Камара де Лобош се организира фестивал на рибата Ешпада Прета, кој трае една недела и носи познати артисти и готвачи од цела Португалија на овај прекрасен гастрономски фестивал.

Мадеира Мадеира Мадеира

Камара де Лобош е исто така познат по најдобрата понша на целиот остров! Понша е вид на коктел кој потекнува од Мадеира, а се прави од мадеирански рум од шеќерна трска, измешан со свежо цедено овошје и шеќер или мед. Препорачуваме да посетите еден од рестораните на обалата на Камара де Лобош и да уживате во погледот со слатка понша од маракуја.

Мадеира Мадеира Мадеира

Романтична прошетка и вечера во Фуншал

Фуншал ќе ве освои со контрастот од белата калдрма по улиците закитени со цвеќиња во текот на целата година. При посета на Фуншал, мора да посветите време за дегустација на познатото Мадеира вино. Во вечерните часови можете да прошетате по најпознатата улица во стариот дел на градот наречена Zona Velha, која е исполнета со ресторани кои служат португалска храна, а во голем дел од нив може да уживате и во традиционалната Фадо музика во живо.

Мадеира Мадеира Мадеира Мадеира Мадеира Мадеира Мадеира Мадеира

Во февруари, Фуншал добива една посебна енергија предизвикана од звукот на самба музиката која го проследува традиционалниот Карневал на Мадеира. Во текот на карневалот, градот се трансформира во една огромна бина каде што блеснуваат самба танчарките во своите спектакуларни костими. Иако е доста помал во споредба, сепак овај карневал се споредува со целиот гламур на карневалот во Рио де Жанеиро и претставува магично искуство што е поразлично од кој било друг карневал во Европа.

Мадеира Мадеира Мадеира

Понта де Сао Лоренцо

Најстариот и дефинитивно најспектакуларниот дел од островот, Понта де Сао Лоренцо е најисточниот дел на островот од каде што може да се види најјужната и најсеверната точка на Мадеира. Видиковецот нуди спектакуларен поглед на карпите и океанот и доколку временските услови дозволуваат, од оваа точка во далечините може да се видат и Порто Санто и Дезерташ, кои се два други острови од групата на Мадеиранските острови на Португалија.

Мадеира Мадеира Мадеира Мадеира Мадеира

Видиковецот е исто така и почетна точка на патеката за пешачење Понта де Сао Лоренцо која што се протега на целиот источен крак на островот и преку која може да се стигне до најисточниот брег.

Зависно од годишното време, овој дел од островот има различен изглед, и тоа од најзелена вегетација во зимските и пролетните месеци, до скоро пустински изглед во летните и есенските месеци.

Мадеира Мадеира

Сантана

Сантана дефинитивно е омиленото гратче на корисниците на Instagram. Се наоѓа на северниот брег на островот и е познато по карактеристичните шарени триаголни куќарчиња кои се главна атракција во ова мало планинско гратче. Овие куќи во минатото биле користени како штали и живеалишта на земјоделците и сточарите кои живееле и работеле во Сантана. Денес, тие се претворени во живи музеи каде посетителите може и да влезат внатре и да допрат дел од минатото на ова мало гратче.

Мадеира Мадеира Мадеира Мадеира Мадеира

Покрај своите шарени куќарчиња, во Сантана е отворен и единствениот тематски парк во Мадеира кој вклучува бројни атракции поврзани со историјата, традициите и културата на локалните жители. Дел од атракциите вклучуваат: симулација на времето на откривањето на островот, огромни статуи од делови од традиционална мадеиранска облека, како познатата мадеиранска шапка, прекрасни градини исполнети со шарени цвеќиња и ендемични растенија, патување во еден од мини чамците „шавеља“ кои се типични за рибарскиот град Камара де Лобош. Во другиот дел од тематскиот парк, посетителите може да пробаат и други активности како лизгање по кабел, банџи скокање или качување по карпи.

Мадеира Мадеира

Пешачење на барем една „левада“ патека

За љубителите на природата, пешачењето на една левада патека е едно од најуникатните искуства што може да ги доживеете на Мадеира. Левадите претставуваат канали, дел од иригациониот систем создаден во 16-тиот век, кој спроведува вода од планините од северниот, повлажен дел од островот, во сувите полиња на јужниот дел од Мадеира. Денес левадите се претворени во прекрасни патеки кои најчесто завршуваат со некој водопад, река или мало езеро. Дел од левадите поминуваат низ прекрасни полиња и ловорови шуми и овозможуваат релаксирачка прошетка низ природните убавини на Мадеира. Другиот дел од левадите поминува преку планински врвови, тунели и водопади и претставуваат предизвик и за најискусните планинари.

Мадеира Мадеира Мадеира Мадеира Мадеира Мадеира

Како најпознати и најубави левади се издвојуваат:

Caldeirão Verde е најпознатата левада во Мадеира која што поминува низ густа зелена шума со поглед на селото São Jorge кое наликува на бајка. Малечки водопади се појавуваат од страните на планините во текот на целата патека и се поминува низ неколку подолги тунели. Левадата завршува со огромен водопад кој формира зелена лагуна каде што најхрабрите можат да испливаат во чистата, но и ладна вода.

25 Fontes левадата го добива името според 25-те водопади кои што ќе ве пречекаат на крајот од оваа спектакуларна левада. Целата патека е исполнета со ендемична флора и фауна и фантастични водопади кои овозможуваат едно уникатно искуство каде што ќе се чувствувате како да сте дел од природата на Мадеира.

Levada do Alecrim е една од пократките левади (само 3 км), меѓутоа исполнета е со фантастични погледи кон Rabaçal регионот и завршува со големиот водопад којшто се влева во лагуната Lagoa Dona Beja, што понатаму продолжува да формира кратка река и уште еден огромен водопад кој ја формира лагуната Lagoa do Vento.

The Lagoa do Vento е скриениот скапоцен камен на Мадеира, бидејќи оваа патека не е многу позната за туристите, а е една од омилените на жителите на островот. Почетокот на оваа патека се совпаѓа со Levada do Alecrim, меѓутоа по одредено време се исклучува од патеката по каналот и се навлегува длабоко во срцето на густата шума каде изобилува прекрасна недопрена природа. По одредено време, се забележува водопадот кој што е формиран од Lagoa Dona Beja и на крај се пристигнува до магичната лагуна Lagoa do Vento. Спокојството и убавината на оваа лагуна го прават ова уникатно и инспиративно место!

Мадеира Мадеира Мадеира Мадеира Мадеира Мадеира

Музејот на Кристијано Роналдо во Фуншал

Главниот град на Мадеира е воедно познат и по тоа што е роден град на Кристијано Роналдо. Во негова чест, на самото пристаниште е отворен музеј во кој се изложени сите негови трофеи и достигнувања. Набрзо по отварањето, музејот стана главна атракција на островот за сите фанови на фудбалот и на Роналдо.

Мадеира Мадеира

Покрај споменикот што е изложен пред музејот, во 2017 година беше изложена и биста на единствениот аеродром на Мадеира кој беше преименуван во Аеродром Кристијано Роналдо.

Бистата брзо стана хит на интернетот и се појавија бројни коментари дека бистата не наликува на Роналдо. Скулпторот на бистата е Емануел Сантос кој е самоук скуплтор и работи половина работно време на аеродромот во Мадеира. Иако тој беше задоволен од оригиналниот труд, сепак минатата година бистата беше заменета, но како реакција, голем број на луѓе започнаа петиција за оригиналната биста да биде вратена.

Мадеира Мадеира Мадеира Мадеира

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10395 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.