Кристина Макеева поседува вистински талент кој континуирано ја носи на магични места од нашата планета.
Руската фотографка отпатува во Австралија и направи магични фото-дела од розовата лагуна Хут, која се наоѓа во близина на малото гратче Грегори.
„Долго време сонував за розовото езеро и се покажа дека е подобро отколку во моите соништа. Базени со различни нијанси на црвена, розова, а понекогаш и жолта и сина боја. Розовата сол на брегот, која блеска како снег, сето тоа изгледа како апстрактни слики во реалноста. Природата и нејзините бои направија магија“ – пишува Макеева.
Розовата боја е резултат на големото количество алги богати со каротеноиди кои се наоѓаат во водата.


















