Почетна » Новости » Занимливости » Луѓе од целиот свет ѝ испраќаат специјална играчка на тинејџерка со хендикеп за да ја усреќат

Луѓе од целиот свет ѝ испраќаат специјална играчка на тинејџерка со хендикеп за да ја усреќат

Приказната за Роузи ќе ви ја врати вербата во човештвото.

Откако омилената играчка на 15-годишната тинејџерка со хендикеп се расипала, нејзината сестра испратила апел преку социјалните мрежи за да се пронајде замена, бидејќи тие играчки не се произведуваат веќе 10 години. Всушност, семејството на Роузи имало 15 од колоритните играчки, но поради честото користење, сите престанале да работат.

Роузи Роузи

„Мојата сестра со хендикеп Роузи има Vtech Light Up Learning Bug од нејзиниот втор роденден и тоа е нејзината омилена играчка. Тие не се произведуваат повеќе, а ние повеќе немаме играчки што работат. Ако имате дома некоја која не ја користите, ве молам контактирајте ме“ – напиша сестра ѝ Џоси на Twitter.

Роузи Роузи

Одговорот на Twitter бил прекрасен и се очекува Роузи наскоро да добие 40 играчки.

„Не очекувавме толку силен фидбек. Луѓе од целиот свет ми пишуваат пораки и ова е лудо. Ми се топли срцето што толку многу луѓе се посветени да помогнат и покрај тоа што не знаат ништо за Роузи и сакаат да помогнат само поради добрината која ја имаат во нивното срце“ – рекла Џоси.

„Најдовме 40 такви играчки, но само пет се на англиски јазик. Играчки се испратени од Франција, Германија и Русија“ – рекла таа.

Џоси исто така била контактирана од производителот на играчката. Од компанијата го пронашле оригиналното упатство со инструкции за правење на играчката и се согласиле да ги поправат сите расипани играчки на Роузи.

Роузи Роузи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.