Почетна » Новости » Занимливости » Лудост: Жени си ги скратуваат прстите за да ги носат обувките од соништата

Лудост: Жени си ги скратуваат прстите за да ги носат обувките од соништата

Многу жени легнуваат под нож за да ги коригираат своите нос, уста, уши или гради. Некои поради здравствени проблеми, други од естетски причини. И тоа воопшто не е новост. Но, сега релативно нова козметичка процедура го привлекува вниманието на сѐ поголем број љубителки на обувки кои не се задоволни со изгледот на своите стапала – „операција Пепелашка“.

Станува збор за контроверзни процедури кои ги менуваат формата и изгледот на женските стапала. „Пациентите ми носеа чевли кои сонуваа да ги носат“ – изјавил д-р Али Садрие за „The New York Times“. Тој стои зад операцијата „Perfect 10“, естетско скратување на прстите на нозете.

Како што некои пациентки бараат кратење на прстите, така други бараат издолжување за поубав изглед. Има и такви што бараат инјектирање на масно ткиво во долниот дел на стапалото за побезболно движење на високи потпетици.

Обувки

Можеби звучи чудно, но постојано расте бројот на жени кои се насочуваат кон вакви операции за да можат да носат дизајнерски обувки.

Паулина Чарликовска е една од многуте жени кои гледаат на овој козметички зафат како на решение кое ќе им ја зголеми самодовербата. Во октомври, минатата година, таа си скратила по еден сантиметар од четири прста од нозете.

Паулина Чарликовска

„Траеше еден час и иако не чувствував ништо, можев да слушнам како коските ми ги сечеа и стружеа, што беше ужасно. По операцијата немав болки, но имав жици во прстите околу пет седмици и еден прст ми се инфицира, па морав да примам антибиотици. Откако ми ги извадија жиците, неколку седмици користев патерици пред да можам да одам нормално“ – изјавила 30-годишната Британка за Mail Online.

„Мојот сопруг и пријателите сè уште сметаат дека сум луда што потрошив 4.500 фунти на моите прсти, но јас верувам дека ако мразите дел од своето тело и ако тоа влијае на начинот на кој се чувствувате, нема ништо лошо во тоа да го поправите. Толку сум горда со моите стапала“ – додала таа.

Паулина ЧарликовскаПаулина Чарликовска

И додека некои доктори заработуваат огромни суми од стремежот на жените кон совршенство, други предупредуваат дека ризиците од овој зафат се преголеми. „Не ги одобруваме овие операции кога се прават само од козметички причини заради ризиците кои ги носат, како отекување, вкочанетост и неправилно заздравување. Во најекстремните случаи, постои дури и мал ризик од згрутчување на крвта кое е опасно по живот. Дури и кога операцијата е успешна, потребни се 6-8 седмици за опоравување. Никогаш не би ја препорачала, освен ако не е неопходна“ – предупредува Андреа Скот, ортопед и хирург во болницата Св. Антониј во Суреј, Англија.

Но, операциите на стапалата не се единствениот чуден „козметички тренд“. Неодамна странските медиуми пишуваа и за рапидно зголемување на бројот на жени кои си прават пресадување на веѓи за да имаат модерни густи веѓи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11173 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.