Почетна » Новости » Занимливости » Лазаров ги исполни новогодишните желби на децата на Детската клиника

Лазаров ги исполни новогодишните желби на децата на Детската клиника

Капитенот и неговите пријатели од „Форца“ ги реализираа желбите на децата на одделот за онкологија.

Деновите околу Новата Година најмногу ги очекуваат дечињата, посебно оние кои силно веруваат во легендата за добриот дедо дебелко кој носи подароци на сите кои биле умни во годината што си оди.

Меѓу сите тие добри дечиња тука некаде околу нас живеат и Давид, Фехми, Емир, Едон, Никола, Реис, Ана, Мерџан, Дилара. Тажно е што деновите им поминуваат на детската клиника на одделот за онкологија. Тие имаат помеѓу 2 и 13 години, секој со своја новогодишна желба, а нивните родители само една. Истата им ја посака и Кирил Лазаров и неговите пријатели од „Форца".

Кирил Лазаров на Детската клиника Кирил Лазаров на Детската клиника

При посетата тој им ги даде подароците кои беа нивни желби упатени до Дедо Мраз. Меѓу дечињата најголем беше Мерџан кој има 13 години и веќе не верува во Дедо Мраз но го препозна Кире, видно возбуден што е во неговата болничка соба, на средбата му посака многу среќа на престојното СП и му го покажа телевизорот на кој ќе го гледа и ќе навива за Македонија.

Капитенот му вети дека до почетокот на Мундијалот ќе му испрати и дрес за Мерџан да биде вистински навивач.

Кирил Лазаров на Детската клиника Кирил Лазаров на Детската клиника Кирил Лазаров на Детската клиника

Дел од дечињата беа заминати за празниците дома, а нивните подароци од Кире и „Форца" медицинските сестри ги ставија под елката и ќе им ги дадат кога ќе се вратат во болница. Кире им посака на сите дечиња многу здравје и им вети повторна средба.

Кирил Лазаров на Детската клиника

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11162 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.