Почетна » Новости » Занимливости » Куче разоткри бебиситерка која физички малтретирала бебе

Куче разоткри бебиситерка која физички малтретирала бебе

Семејно куче помогнало во разоткривањето на бебистерка која физички малтретирала бебе во Јужна Каролина.

Бенџамин и Хоуп Џордан ја ангажирале 22-годишната Алексис Кан како бебиситерка минатата година. Но, пет месеци подоцна нивното куче започнало да станува агресивно кон неа и тогаш за првпат се посомневале во нејзината способност да се грижи за 7-месечното бебе.

„По пет месеци откако ја ангажиравме како бебиситерка, започнавме да забележуваме дека нашето куче станува заштитнички настроено кон нашиот син кога таа ќе влезеше низ вратата. Тој беше многу агресивен кон неа и неколку пати моравме физички да го задржиме за да не ја нападне“ – изјавил Бенџамин за Live 5 News.

Послушното куче со малиот ФинПослушното куче со малиот Фин

Родителите на Фин започнале да се сомневаат во Алексис и поставиле iPhone под каучот за да снимаат што се случува во нивниот дом додека се на работа. Кога се вратиле дома, ја преслушале снимката и останале запрепастени.

„Сè започна со пцовки. Потоа се слушнаа звуци од шлаканица и неговото плачење од вознемиреност премина во плачење од болка. Посакав да посегнам преку снимката, да се вратам во времето и да го зграпчам“ – изјавил таткото.

Неколку недели подоцна Алексис била уапсена и признала дека физички посегнала по малото бебе, па била осудена на 1 до 3 години затвор.

Алексис канБебиситерката Алексис Кан

Нејзиното име ќе влезе и во регистар за лица кои малтретирале деца и никогаш повеќе нема да ѝ биде дозволено да работи со деца.

„Фантастична вест е тоа што знаеме дека случајот со Фин е возможно да спасил живот на друго дете“ – рекол Бенџамин.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11958 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.