Почетна » Новости » Занимливости » „Кристал“ маргарин - за најубавите кифли, торти и колачи

„Кристал“ маргарин - за најубавите кифли, торти и колачи

„Се сеќавам на вкусните домашни јадења кои мајка ми ни ги подготвуваше и нивниот неодолив мирис. Уште како малечка, го обожавав моментот кога требаше да се собереме сите на маса и да ги вкусиме кулинарските специјалитети кои мајка ми ни ги подготвила за тој ден. Многу години потоа, кога и самата се омажив и станав домаќинка, ги имам истите навики како мајка ми. Кујната е моето место за опуштање и експериметирање. Уживам кога готвам македонски традиционални јадења за моето семејство, исти какви што се подготвуваа кога бев и самата девојче. Но, обожувам да испробувам и нови вкусови и нови рецепти и да ги изненадувам сопругот и децата.“

Кристал

„Речиси ниедна наша семејна прослава или роденден не поминува без моите добро познати домашни кифлички, погачки со сусам или пак пити со спанаќ, а тајната на добриот вкус за сите нив е тоа што секогаш за нивната подготовка употребувам Кристал маргарин. Во зимскиот период за семејството го подготвувам омилениот македонски специјалитет- пастрмајлија по традиционален велешки рецепт. Често пати за ова блиските ме прашуваат во што е мајсторијата на ова гурманско јадење? Треба да се избере квалитетно свинско месо, да се подготви добро тесто, а за да бидат сочни пастрмајлиите треба пред печење, на секоја од нив да ѝ се стават по неколку крупни парчиња маргарин и кога ќе бидат готови, краевите на пастрмајлиите повторно да се премачкаат со маргарин за да омекнат. Ниедна торта или колач немаше да биде толку вкусен и буквално да се топи во уста доколку во својот состав го немаше токму овој маргарин. На моите деца најмногу им се допаѓаат лесните кремасти торти, па специјално за нив за нивните родендени кои се во летниот период, ја подготвувам познатата сладолед торта со два фила (ванила и чоколадо), за која употребувам дури две коцки маргарин. Се радувам кога ќе ги видам насмените лица на нивните другарчиња како ја вкусуваат тортата и велат дека им се допаѓа - тоа е најголемата потврда за успешноста на овој десерт. Нешто што особено го обожуваат двете ќерки и често го имаме за семеен ручек е ќофтиња со пире од компири. Откако ќе се сварат компирите, ќерките често ми помагаат да го направиме најубавото домашно пире со внимателно одбрана доза на маргарин, сол и млеко. Сите уживаме кога го јадеме заеднички подготвениот оброк.“

„За вечерните седенки пак, пропратени со гледање филм, правам пуканки за чијашто подготовка наместо масло користам маргарин во коцка. Пуканките испукани на маргарин се повкусни и го добиваат мирисот на самиот маргарин. Вака подготвените пуканки се покрцкави и ги обожаваат сите деца коишто доаѓаат во нашиот дом. Моето задоволство е огромно кога ги гледам како ги празнат чиниите и веднаш им правам нови.“

Кристал

„Можам слободно да кажам дека како ретко кој производ, овој маргарин има широка примена, долга традиција и неограничени можности за подготовка на солени и благи кулинарски специјалитети во домаќинството“, изјави Снежана. М од Скопје.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12004 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.