Сè е возможно кога имаш бујна фантазија и широки познавања на Фотошоп. Креативен татко создава нереални фотографии од својот син, овозможувајќи му да биде дел од луди авантури.
Дигиталниот артист Адријан Сомелинг манипулира со фотографиите за да му даде на синот моќ да лета, да се преобрази во џин, да јава на носорог и сл.
Адријан често ги споделува и вистинските фотографии заедно со финалната фотографија по обработката во Фотошоп.