Почетна » Новости » Занимливости » Кои земји се најдобри, а кои најлоши за мајките? Македонија на 40. место

Кои земји се најдобри, а кои најлоши за мајките? Македонија на 40. место

Финска, Норвешка и Шведска се најдобрите земји во светот за една жена да стане мајка. Во новиот извештај на организацијата „Save The Children“ стои дека тие три држави им нудат најквалитетен живот на мајките.

Мајка и бебе

Најлошите држави за мајките се сиромашните Сомалија, Република Конго и Нигер. Во извештајот е наведено дека во најлошо рангираната земја Сомалија околу 15% од децата умираат пред 5-тиот роденден. Според податоците на организацијата, во Република Конго статистички е поопасно да си жена или дете отколку да си вооружен борец.

Save The Children

Македонија се наоѓа на 40. место од вкупно 178 земји во кои биле направени анализи за квалитетот на здравствените услуги за мајките, смртноста на децата под 5 години, економскиот статус, формалното образование и учеството на жените во политиката. Нашата држава и минатата година стоеше на четириесеттото место на списокот.

Од регионот највисоко на листата е рангирана Словенија (17. место), потоа следуваат Грција (20. место), Хрватска (33. место) и Србија (36. место). Бугарија и Црна Гора се зад нас, на 44. и 45. место соодветно. Албанија е рангирана на 83. место.

„Ништо нема да ја спречи една мајка во обидите да ги заштити своите деца. Но, кога ќе настапи катастрофа, независно дали тоа е војна во Сирија, торнадо во Оклахома или тајфун на Филипините, жените и децата најчесто се изложени на најголем ризик – веројатноста тие да умрат е до 14 пати поголема во споредба со мажите“ – вели Каролин Мајлс, претседател и генерален директор на „Save The Children“.

Во извештајот повеќе жени раскажуваат за хоророт низ кој минале или кој сѐ уште е нивно секојдневие.

Save The Children

„Слушнав дека разбојници силуваат жени на патот, но морав да стигнам до Дадааб. Со децата пречесто си легнувавме гладни, само сакав да избегам и да побарам помош... Децата плачеа додека тие мажи ме силуваа. Бев премногу уморна за да им се спротивставувам и им дозволив да прават што сакаат. Долго пешачев без облека на моето тело пред да стигнам до група жени кои ми дадоа искинати алишта за да се завиткам“ – Фатима, 22 години, Кенија.

„Татко ми вели дека сум многу убава. Ќе му донесам многу крави кога ќе ме омажи. Тој вели да не се замарам со школување – само да седам дома и да чекам да ме омажат. За време на сушата минатата година, морав да престанам да одам на училиште за да се грижам за добитокот на татко ми. Понекогаш плачев. Се однесуваат со мене како со предмет од кој може да се ослободат кога и да посакаат. Тука во моето село повеќето девојки се мажат пред 14 години за да ги заштитат своите семејства од сушата и сиромаштијата. Ако не си мажена до 17 години, мажите започнуваат да те избегнуваат. Те нарекуваат стара жена и може никогаш да не се омажиш“ – Марта, 10 години, Јужен Судан.

Новиот извештај се фокусира на кризата во Сирија и последиците од конфликтот врз милиони жени и деца.

„Ќерка ми има 16 години и го сакаше училиштето. Беше најдобра во класот и сакаше да стане архитект. Но, ние бевме загрижени за неа. Напаѓаа жени. Не можевме да ја заштитиме, па ја омаживме. Таа е невина и многу убава. Знам дека мажи повредуваат жени – стари жени, сами жени, сите. Таа не сакаше да се мажи, сакаше да учи. Ова се случува често во Сирија, многу жени си ги мажат ќерките, дури и кога се помлади од 16 години, за да ги заштитат“ – Ум Али.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.