Луксузот преминува граници кога богаташите не се воздржуваат да посегнат подлабоко во своите џебови. Селин Забад и Жад Најар со неколку раскошни свечености го одбележаа запливувањето во брачните води.
Парот прво се венча на грчки остров, а свадбените прослави кулминираа во Бејрут, Либан.
Свадбата во Бејрут
На главната свеченост, која била инспирирана од „Сон на летната ноќ“ на Шекспир, присуствуваа 900 гости.


Невестата го заокружи свадбениот моден маратон со раскошна венчаница од Ели Сааб. Фустанот бил рачно изработуван 1.200 часа. „Отсекогаш знаев дека ќе носам фустан од Ели Сааб и тој создаде нешто апсолутно магично за мене“ - изјави Селин.




Мистични „суштества“ ги пречекуваа гостите во волшебна шума на коктел пред свадбата, а истите тие подоцна ја составија тортата висока 6 метра.











И Пи Диди беше меѓу неколкуте изведувачи задолжени за музичкиот дел од забавата.




Коктелот пред свадбата во Бејрут

































Пред големата свадба, гостите беа почестени со прослава за дочек, а потоа и со вечера посветена на Либан и Нигерија, двете држави кои имаат значајно место во љубовната приказна на младенците. Всушност, тие се запознале во Нигерија, но потоа изгубиле контакт. Сепак, години подоцна, повторно се сретнале во бар во Бејрут.





Свадбата во Грција
Грчката свадба се одржа за време на зајдисонце. Селин носеше венчаница од Версаче прекриена со 30.000 кристали.
























Ноќта пред свадбата, присутните 180 гости уживале во деликатеси за време на вечера во таверна стил во вила покрај плажа.


