Почетна » Новости » Занимливости » „Кога една мајка ќе рече дека ѝ треба одмор, не значи дека не си ги сака децата, сопругот или фамилијата...“

„Кога една мајка ќе рече дека ѝ треба одмор, не значи дека не си ги сака децата, сопругот или фамилијата...“

Мајките честопати чувствуваат преголем притисок поради многубројните обврски, брзото темпо на живот, промените кои доаѓаат со мајчинството и очекувањата кои светот им ги наметнува. Многу од нив не признаваат дека едноставно им е потребен одмор.

Блогерката Дана од „Millennial Mom Confessions“ напиша текст во кој објаснува на што мисли една мајка кога ќе рече дека има потреба од одмор:

Дана

Лекција на денот: Кога една мајка ќе рече дека ѝ треба одмор

  1. Одмор значи ОДМОР. О-Д-М-О-Р. Не значи две минути заклучување во бањата додека нејзините деца ќе ги пикаат прстињата под вратата или звукот на рачката ќе одѕвонува во нејзините уши. Кога една мајка ќе рече дека ѝ треба одмор, најверојатно бара да биде сама, целосно сама и подалеку од малите луѓе кои постојано ја следат насекаде.
  2. Да појаснам, кога една мајка ќе рече дека ѝ треба одмор, не значи дека НЕ СИ ГИ САКА децата, сопругот или фамилијата која ја има. Напротив, факт е дека ги сака толку многу, што само ѝ треба простор да се релаксира од целата таа слатка љубов.
  3. Под одмор не се подразбира времето насамо додека таа вози до продавница. Поверојатно е дека таа ќе оди во продавница и ќе потроши мало богатство за храна за нејзиното семејство која или ќе биде изедена за 2 секунди или за која нејзините деца ќе одлучат дека мразат сè. Па не, патувањето до продавницата НЕ е одморот кој таа вели дека ѝ е потребен.
  4. Одморот може да трае 5 минути или 5 часа. Само таа може да го определи тоа, не ти.
  5. Мајка која вели дека ѝ треба одмор апсолутно, 100%, недвосмислено е фантастична мајка. Тоа што ти треба бегство од мајчинството не те прави неблагодарна или неспособна да бидеш прекрасен родител. Вистината, барем за мене, е дека времето насамо ми овозможува да бидам ПОДОБРА мајка.
  6. Не постои ниту една дефиниција која определува што е тоа одмор. Секоја мајка има своја претстава за тоа како изгледа одморот. Можеби тоа е викенд во Вегас. Можеби е пронаоѓање тивок агол во кафетерија и читање на еротична новела. Можеби тоа е џиновска чаша црвено вино и доооолго, долго, бањање во меурчиња. Можеби е работа во градината или онлајн покер или скролање на Instagram додека не заборави која година е. Каква е да е нејзината замисла, тоа е НЕЈЗИНА замисла.
  7. Одморот е за неа и само за неа.
  8. Ако таа избере да го вклучи семејството во одморот, тоа е нејзино право.
  9. Ако избере да изеде 18 пакувања чипс за помалку од 15 минути, гледај си ја твојата работа.
  10. На многу мајки, вклучително и мене, им е тешко да признаат дека имаат потреба од одмор. Не знам дали тоа е поради страв да не изгледаат слабо или поради нешто друго, но во некои случаи, не треба да чекаш таа да ти каже дека има потреба од одмор. Многупати, таа веќе е на лошо место и нема време за тоа.
  11. Никогаш не ја осудувај затоа што сака одмор. Таа е ЧОВЕК.
  12. Не ѝ суди, точка.
  13. Таа може жестоко да си ги сака децата и сопругот и сè уште жестоко да посакува да биде илјада километри подалеку од нив.

Ова ќе го потенцирам уште еднаш: Ако имаш потреба од одмор од мајчинството, не значи, ниту пак некогаш ќе значи, дека си лоша мајка.

Имаш право да ти треба простор за да дишеш. Имаш право да имаш потреба од време за себе и само за себе. Имаш право да не сакаш главата на твоето дете да биде постојано зад твојот задник. Имаш право да изгубиш контрола ако изгледаш уште една епизода од нивните цртани филмови. Имаш право да не сакаш да слушаш „Мамооооооооо“ 8.456 пати во 10 минути. Имаш право да не и се допаѓа секој дел од мајчинството и имаш право да имаш денови во кои воопшто не го сакаш мајчинството.

Најважно од сè, имаш право цврсто да се држиш за девојката која беше пред да станеш „Мама“, бидејќи таа сè уште постои и заслужува да биде сакана и почитувана.

Па девојко, земи го потребниот одмор...

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.