„Кога престана да те третира како принцеза? Никогаш не е предоцна да ставиш крај на тоа“ – се вели на постерите на артистот Сент Хоакс.
На вознемирувачките фотографии од серијата „Happy Never After“, принцезите на Дизни се претставени со модринки и раскрвавени рани на лицето. Идејата на кампањата е да се подигне свеста за семејното насилство и да се охрабрат жртвите да ги пријават насилниците.



