Почетна » Новости » Занимливости » Како да ја подготвите вашата ПАТНА АПТЕКА за безгрижен летен одмор?

Како да ја подготвите вашата ПАТНА АПТЕКА за безгрижен летен одмор?

Цела година го исчекуваме годишниот одмор. И токму кога ќе се упатиме кон посакуваната дестинација, одморот може да се претвори во вистинска ноќна мора затоа што не сме навикнати на целодневно сонце, плажа, инсекти, поинаква исхрана и поинакви хигиенски стандарди. Статистиката говори дека секој човек, на годишен одмор, просечно е болен два до два и пол дена. Затоа, многу е важно добро да се подготвиме пред патувањето и да понесеме: лекови, медицински заштитни материјали и медицинска козметика.

Probalans

1) Патување: задолжително понесете пробиотици комбинирани со цинк и витамин Б6 (прочитајте повеќе на www.probalans.mk) и/или комбинација од пробиотици и ОРС (прочитајте повеќе на www.diarino.hr) и лекови за намалување на зголемена телесна температура

Промената на климатските услови, храна, вода, кревет, честопати може да предизвикаат бројни нарушувања на дигестивниот систем: стомачни тегоби и мачнина од патување, пролив, запек, повраќање, дехидратација и покачена телесна температура.

Препорачуваме да се избегнуваат патувања во најтоплиот дел од денот и секогаш да имате доволни количини свежа вода и добро измиено овошје.

2) Сонце, вода, плажа...: задолжително понесете крема за заштита од сонце, крема за после сончање, средства против алергии и креми за сончеви изгореници

Пристигнувањето на плажа и море значи радост и игра, но тоа значи и часови поминати на сонце и контакт со различни иритативни агенси (солена вода, специфични бактерии на плажата, медузи) кои може да предизвикаат:Сончеви изгореници и Алергии.

Препорачуваме да не се изложувате на сончеви зраци од 10 часот наутро се до 17 часот попладне, а кога и да излегувате на сонце, заштитете ја кожата со тоа што ќе ја намачкате со средства со заштитен факторполовина час пред изложување. Нанесувајте крема секогаш кога сметате дека е измиена од вашето тело. Откако ќе заврши денот поминат на плажа, секогаш користете средство наменето за по сончање.

3) Инсекти: задолжително понесете: средство против инсекти (комарци) и средство за ублажување на болки од убоди од инсекти или медузи

Комарците, осите и медузите, честопати се неизбежен „сопатник“ на одморот и важно е да имаме прва помош во случај на проблеми со нив.

4) Повреди: задолжително понесете: средство за дезинфекција на рани, крема за ублажување на спортски повреди, средство против болки, фластери, завој, ханзапласт

Летото е синоним за игра и постојано движење, а тоа на отворен простор знае да донесе и повреди (исеченици, исчашени зглобови). Затоа, не заборавајте ги средствата за дезинфекција, завоите, газите, водоотпорните фластери, антибиотски прашак или спреј и слично.

Probalans

Што треба да содржи вашата патна аптека:

1) Прва помош за проблеми при патувања

  • средство за смирување на стомачни тегоби и мачнина од патување (пробиотици)-прочитајте повеќе на www.probalans.mk
  • средство против пролив/запек, повраќање (пробиотици + ОРС)- прочитајте повеќе на www.diarino.hr
  • лекови за намалување на зголемена телесна температура (антипиретици)
  • топломер

2) Прва помош за проблеми со изложеноста на сонце

  • крема за заштита од сонце и крема за после сончање
  • средства против алергии
  • крема против изгореници од сонце

3) Прва помош за проблеми со инсекти и др.:

  • средство против инсекти (комарци)
  • крема за ублажување на болка од убоди од инсекти или медузи
  • средство за дезинфекција на рани (алкохол, јод)
  • пинцета

4) Прва помош при повреди

  • средство против болки (аналгетици)
  • фластери
  • завој
  • ханзапласт

M-р по фармација Филип Ачкоски

Probalans

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 10985 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.