Почетна » Новости » Занимливости » Како да ја заштитиме детската кожа од сончевите зраци?

Како да ја заштитиме детската кожа од сончевите зраци?

За време на топлите месеци радоста од сонцето е еднаква како за родителите, така и за децата. Родителите се тие кои треба да се погрижат за безбедноста на децата во текот на нивната игра. Сите знаеме дека треба редовно да нанесуваме крем за заштита од сонце, за да ја заштитиме нежната детска кожа од негативното влијание на сончевите зраци. Но, дали навистина правилно се грижиме? Eucerin споделува со нас некои едноставни правила.

Eucerin заштита од сонце

Колку лосион треба да нанесуваме?

Бидејќи кожата на децата е многу чувствителна, ризикот од сончеви изгореници кај нив е доста поголем. Децата треба да носат облека којашто ќе ги штити од сонцето. Ако сепак кожата е откриена, следниве правила можат да помогнат да ја заштитиме од сончеви изгореници:

Деца на возраст 3–5 години

Истиснете дебела линија лосион, долга колку средниот прст (или малку повеќе) на возрасен човек. Нанесете толкава количина на секој дел на телото (раце, нозе, заедно со горниот дел на стапалата, стомак, грб, лице и врат, заедно со ушните школки). Кај децата помали од 5 години главата сè уште е поголема, па затоа е потребно да се нанесе двојно поголема количина на лицето и вратот. Ако користите спреј, треба да прснете по 5 пати на секој дел.

Деца на возраст 6–10 години

Истиснете дебела линија лосион по должината на показалецот и средниот прст на возрасен човек. Нанесете толкава количина на секој дел од телото. Ако користите спреј, треба да прснете по 7-10 пати на секој дел.

Eucerin заштита од сонце

Златни правила за разумна заштита од сонце

  • Избегнувајте продолжено изложување на интензивното пладневно сонце во периодот 11–15ч.
  • Нанесувајте обилно лосион за заштита од сонце пред излегување на сонце; нанесувајте повторно на секои два часа, особено после потење, пливање и бришење.
  • Не ги изложувајте бебињата и децата под 3 години на интензивна сончева светлина.
  • Прилагодете ја заштитата според типот на вашата кожа.
  • Користете производи со висок сонцезаштитен фактор и носете лесна облека, шапка и очила за сонце.
  • После пилинг и ласерски третмани, како и во случај на медикаментозна фоточувствителност, избегнувајте изложување на сонце и користете многу висок заштитен фактор од сонце (SPF 50+).
  • После изложување на сонце, на чиста кожа нанесете хидратантен лосион.
  • Ако имате прашања, обратете се кај вашиот лекар или фармацевт.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12001 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.