Почетна » Новости » Занимливости » Како да се намалат сметките за електрична енергија во вашиот дом?

Како да се намалат сметките за електрична енергија во вашиот дом?

Клима уредите во лето и во зима работат со полна пареа и затоа е важно да се знае како најправилно да се користат за максимална заштеда на електрична енергија. Со доаѓањето на есента и зимата, употребата на климите не се намалува, напротив останува иста како и во лето бидејќи инвертер климите се вистински хит во последните години и се поголем број на луѓе преку зимата се загреваат на своите клима уреди. Последните истражувањата откриваат дека овој начин на загревање е најекономичен и најисплатлив. Сепак, многумина се запрашуваат дали навистина заштедуваме енергија со исклучување на клима уредот кога не сме дома или е подобро да ја оставиме климата да работи на истата температура, по цел ден?

Намалување на сметките за електрична енергија

Прекумерното трошење на електрична енергија не е само поскапо, туку, исто така, предизвикува зголемување на согорувањето на јаглен и други фосилни горива кои придонесуваат за појава на глобалните климатски промени. Затоа, важно е да се знае како на најдобар начин да се користи клима уредот со цел максимално да се заштеди електричната енергија во домаќинствата.

Можеби на прв поглед изгледа како непотребна потрошувачка на енергија, кога се вклучува и гаси клима уредот, но на овој начинзначително се заштедува трошењето на пари, а во исто време се подобрува и работењето на клима уредите. Клима уредите на просториите се најефективни кога работат со полна брзина, а не кога работат во пократки периоди и со пониска брзина, со цел да се задржи константна температура во текот на целиот ден. Покрај тоа, кога клима уредот работи со полна брзина подобро ќе се ослободиме од влагата во нашиот дом.

Електрична енергија може да се заштеди и доколку го поставиме термостатот на клима уредот во собата на повисока температура (разликата помеѓу собната температура и надворешната температура не треба да надминува 7-10 степени). Според некои податоци, клима уредот троши 3-5 проценти помалку енергија за секој степен повисоко на термостатот. За максимална заштеда на енергија, препорачливо е да го оставиме нашиот клима уред да работи на 26 или повеќе степени Целзиусови, додека сме дома.

Намалување на сметките за електрична енергија

Еве уште 5 начини преку кои што со соодветното користење на системот за разладуање истовремено ќе се излади домаќинството и ќе се заштеди енергија:

  1. Купување на клима уред со прилагодување на термостатот.
    Со термостат кој се вклопува и на систем за ладење и на систем за греење, можеме да ја поставиме температурата како што посакуваме и кога ќе се вратиме дома, просторијата веќе ќе биде пријатно разладена или затоплена. Поновите модерни клима уреди имаат и тајмер и термостат.
  2. Редовно чистење на клима уредот
    Редовното чистење на клима уредот придонесува клима уредот да работи со зголемен капацитет и зголемена енергетска ефикасност. Бидејќи инвертер клима уредите се користат преку целата година за греење и ладење, се препорачува истите да се чистат еднаш годишно.
  3. Надворешната единица поставете ја на сенка
    Доколку има простор, надворешната единица да се постави на место каде има поголема сенка, а исто така ако може и да се обезбеди повеќе простор, за да може топлиот воздух да го исфрли побрзо во просторот.
  4. Изолирајте ги прозорите од надвор со спуштање на ролетна
    Доколку сте во можност затварајте ги прозорците на сончевета страна со завеса или ролетна. Ако пак имате потреба од дневната светлина можете да поставите рефлексна фолија на прозорците, со тоа што ќе се смали количеството на топлина кое ќе влезе низ нив.
  5. Купување на инвертер клима уред
    Најлесен начин да се излади просторијата е да се отвори прозорот, но не премногу. Колку помалку ќе биде отворен прозорот, толку повеќе ќе се создаде поголем провев.

Сепак најдобар начин да се заштеди електричната енергија во секое домаќинство е да се купи еден од новите инертер клима уреди кои ќе воведат освежителна хармонија и атмосфера во сечиј дом. Ваквата моќ на системите за разладување и затоплување се чувствува и во Македонија, каде што со новите инвертер клима уреди се овозможува управување со клима уредотпреку поврзување со апликацијата на нашата 3G, 4G или било која друга Wi-Fi мрежа без оглед на тоа дали сме надвор од досегот на нашата мрежа или внатре во домот. За да се согледат неверојатните поволности на системите за разладување и затоплување може да се посети официјалниот Фесјбук профил на VIVAX Македонија на следниов линк: https://www.facebook.com/VivaxMacedonia/?fref=ts

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11257 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.