Почетна » Новости » Занимливости » Како да се надмине проблемот со сува и проблематична кожа?

Како да се надмине проблемот со сува и проблематична кожа?

Совети од Д-р Соња Петрушевска специјалист дерматовенеролог и стручен соработник на Еуцерин

Сувата кожа е проблем што го имаат многумина. Се проценува дека околу 15 до 20 проценти од населението е склоно кон развивање на ваквата состојба на кожата.

Во повеќето случаи таа состојба е резултат на недостиг од природни навлажнувачки фактори, поточно од уреата, како и надворешните фактори, особено стресот. Основна причина за атопична кожа е нарушувањето на масно-киселинскиот метаболизам. Исто така и зголеменото ниво на шеќер во крвта влијае врз кожата, предизвикува сушење и иритации.

Сувата кожа налага специфична нега и хигиена, децидни се стручњаците. Да се избегнува пречестото туширање, посебно со топла вода, како и употребата на несоодветни средства за хигиена.

Дерматолозите ги препорачуваат Еуцерин производите со уреа бидејќи обезбедуваат комплетна заштита за сите видови на сува, многу сува и атопично сува кожа. Особено се успешни во заштита од атопичен егзем и псоријаза. Обезбедуваат оптимална хидратација, ја смируваат исклучиво сувата кожа и јадежот (производи со 10% уреа) и го поттикнуваат регенеративниот процес на нарушената липидна кожна бариера.

Eucerin

Еуцерин производите се базирани на природни состојки, клинички тестирани кои не ја иритираат кожата. Уникатни се бидејќи содржат уреа (природен хидратантен фактор на кожата), а не содржат бои, парфеми и алкални сапуни.

Со редовна употреба при секојдневното одржување на хигиена на кожата, од една страна, кожата се заштитува од понатамошно сушење, а од друга, ѝ се надополнуваат неопходните хидратантни фактори кои не ја дозволуваат трансепидермалната загуба на водата.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25455 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.